Достапни линкови

Битолчани сардисани од арамии


Битолската населба Бадембалари.
Битолската населба Бадембалари.

Жителите на битолската населба Бадембалари станаа честа мета на кражби. Арамиите најчесто крадат бакарни предмети.

Крадци на олово и други вредни предмети ја сардисаа битолската населба Бадембалари. Жителите немаат мир со месеци, а во неколку наврати крадците им ги кршеле прозорците, им скокале во дворовите преку авлиите, им краделе предмети пред очи. На удар пред се се куќите на стари, болни, изнемоштени луѓе и самци. Но, во потрага по нов плен арамиите не ги поштедуваат ни помладите.
Овој дел е право дувло од арамии. Кај мене влегоа во пет и пол часот утрото, ми го зедоа болјерот бакарен. Рано наутро одам на шетање по ридот, ме следеле претходно. Навечер влегоа кај снаата, бојлерот да го земат. Ние дење-ноќе се заклучуваме. Кражбите траат една година откако се укина позорникарската служба на полицијата. Соседката живее сама и влегле од визбата низ скалите се качиле горе и рекле да не мрда и ја ограбиле.
Анкетиран граѓанин.

На големо се раскажува дека арамија рано наутро влегол во куќа во оваа насеба, се качил на катот, поминал покрај бањата каде газдата се бричел, влегол во спалната и додека жената спиела им ги украл парите. Од страв, жителите почнаа да живеат под клуч, ставаат катанци на влезните врати од домовите и чуваат кучиња по дворовите.

„Имав бакар, ѓумци, бојлер на дрва, се ми зедоа. Бојлерите едната вечер на едниот сосед му го зедоа, другата вечер на другиот сосед.“

„Скоро во секоја куќа имало кражба, претежно велегуваат во три часот навечер.“

„Овој дел е право дувло од арамии. Кај мене влегоа во пет и пол часот утрото, ми го зедоа болјерот бакарен. Рано наутро одам на шетање по ридот, ме следеле претходно. Навечер влегоа кај снаата, бојлерот да го земат. Ние дење-ноќе се заклучуваме. Влегуваме-излегуваме, само под клуч сме. Кражбите траат една година откако се укина позорникарската служба на полицијата, од тогаш наваму од ден на ден се зголемува арамилокот. Соседката живее сама и влегле од визбата низ скалите се качиле горе и рекле да не мрда и ја ограбиле.“

„Луѓето седат дома телевизија гледаат, а тие им влегуваат по болјерите.“

Од битолската полиција потврдуваат дека во овој дел од градот се случуваат поголем број на кражби и засеилени се контролите. До пред три месеци биле разрешени 143 кривични дела, 37 од нив биле тешки кражби и биле фатени 40 сторители. Бојлерите се мета на арамиите зашто содржат бакар чија цена изнесува над 200 денари од колограм.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG