Достапни линкови

Владата мора да одговори на пратеничките прашања


Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски го образложува експозето за нова влада пред Собранието на 27 јули 2011 година.
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски го образложува експозето за нова влада пред Собранието на 27 јули 2011 година.

Владата не смее да не одговори на прашања од пратениците во Собранието, велат експертите.

Не може и не смее во една демократска држава да се одбива одговор на прашање поставено до властите поврзано со трошење на народните пари, велат експертите во врска со одговорите коишто ги дава власта кога е прашана околу потрошените пари за реклами, или на поинаков начин потрошени пари. Во вакви случаи не смеат да се даваат дипломатски одговори од типот се прави само сензација, туку власта мора да биде вистински транспарентна и да дава информации во врска со тоа. Доколку информациите ги нема во моментот, постојат начини сепак да ги достави дополнително, вели комуникологот Билјана Петровска.
Одговорот дека тоа е популизам или сензација или манипулација со јавноста којшто ги гледа собраниските седници, мислам дека тоа не е одговор и не е во ред кон народот и кон јавноста, бидејќи сепак се тоа пари и на народот.
Билјана Петровска, комуниколог.

„Одговорот дека тоа е популизам или сензација или манипулација со јавноста којшто ги гледа собраниските седници, мислам дека тоа не е одговор и не е во ред кон народот и кон јавноста, бидејќи сепак се тоа пари и на народот.“

Со ваквиот однос кон прашањата поврзани со трошењето на парите се прекршуваат три закони, вели професор Никола Поповски. Собранскиот Деловник, според кој, според Уставот владата мора на пратеничко прашање да одговори, вториот е Законот за пристап до информации и третиот дека секоја набавка мора јавно и транспарентно да се објави кој ја добил и во која постапка.

„Дури, тие не само што не велат дека не е така, тие не негираат, едноставно признаваат дека парите се трошат нетранспарентно, се префрлаат милиони евра на одредени фирми и дека тие не се должни на тоа да одговорат“, вели Поповски.

Во едно демократско општество е срам и носи поголеми последици по демократијата во општеството, вели тој.

Сепак е клучна политичката волја, а кај нас и во овој случај не постојат разработени механизми да се поттикне власта отчетно и одговорно да се однесува кон сите работи за кои е обврзана да ги презема пред граѓаните, а што тие самите и го плаќаат преку буџетот. Во поставеноста на македонското општество не постои можност власта да реагира кон самата себе и во таков случај може да си дозволи да одговара со цинизам и исмејување кон оние што бараат информации за јавно потрошените пари, вели Поповски.
XS
SM
MD
LG