Достапни линкови

Ситуацијата се смирува


Оружје пронајдено кај ученици при претрес на МВР во Скопје.
Оружје пронајдено кај ученици при претрес на МВР во Скопје.

Мирно деноноќие помина во Скопје, по серијата меѓуетнички тепачки изминативе денови. МВР досега приведе околу 30 осомничени за инцидентите.

Во изминатото деноноќие не се пријавени нови инциденти. МВР продолжува да работи на откривање на сторителите кои учествуваа во инцидентите во кои беа претепани дваесетина малолетници, но и возрасни граѓани. До сега беа приведени околу 30 осомничени. На улиците и натаму има засилено присуство на полицијата. Партиите од опозицијата и власта меѓусебно си ја префрлаат одговорноста околу актулените тензии, но сепак сите повикуваат на смирување на емоциите. Иако партиите не може да ги заменат институциите, СДСМ работи во сите свои општински организации за да придонесат за подобрување на соработката и животот на граѓаните, наведува Оливер Спасовски.
СДСМ, во сите општински организации укажува до сите граѓани на Македонија колку е битен соживотот меѓу граѓаните во државата и стабилноста и безбедноста, но исто така ги повикуваме институциите на системот да бидат одговорни, а со тоа да влеваат доверба и сигурност кај граѓаните на Република Македонија.
Оливер Спасовски, СДСМ.

„СДСМ, во сите општински организации укажува до сите граѓани на Македонија колку е битен соживотот меѓу граѓаните во државата и стабилноста и безбедноста, но исто така ги повикуваме институциите на системот да бидат одговорни, а со тоа да влеваат доверба и сигурност кај граѓаните на Република Македонија“, вели Спасовски.
Архивска готографија: Во изминатите десетина денови, повеќе од тепачките се случија во автобусите на ЈСП.
Архивска готографија: Во изминатите десетина денови, повеќе од тепачките се случија во автобусите на ЈСП.

Не знам дали ќе стане збор и за поконкретни активности освен разговори со членството, но сметам дека институциите треба најмногу да се соочат со проблемите што ги предизвикаа актулените тензии, вели Талат Џафери од ДУИ.

„Се разговара со членството да не наседнува на можни провокации, а во секој случај треба да се инсистира во крајна инстанца институциите да бидат поактивни“, вели Џафери.
Кога долго време тие луѓе што шират меѓуетничка омраза ги оставаш да шетаат слободни, тогаш пораката е јасна – тие луѓе ќе почнат да делуваат врз база на паролите што ги извикуваат.
Зијадин Села, ДПА.

Последните инциденти беа регистрирани ноќта меѓу деновите од викендот. За инцидентот во кој беа нападнати тројца малолетници пред интернет кафуле во центарот на Скопје полицијата приведе пет лица. Некои медоуми јавија дека приведените биле активисти кои биле блиски на опозициската ДПА.

„За какви медиуми зборуваме?! Жално е што во Македонија и медиумите се дел од власта“, изјави Зијадин Села од ДПА.

Оваа партија претходно за инцидентите посочи дека виновник е власта, наведувајќи дека во изминатиот период имаше повеќе провокации и навредливи пароли и оти сторителите беа неказнети.

„Кога долго време тие луѓе што шират меѓуетничка омраза ги оставаш да шетаат слободни, тогаш пораката е јасна – тие луѓе ќе почнат да делуваат врз база на паролите што ги извикуваат“, вели Села.

По серијата инциденти, тепачки и провокации, викендов државниот врв предупреди дека сите што планираат да прават инциденти ќе се соочат со државата. Во изминатите десетина денови, повеќе од тепачките се случија во автобусите на ЈСП, а потоа инцидентите се префрлија и по улиците, а зедничко беше тоа што немаше некои посебни причини.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG