Достапни линкови

Масакр над плашицата во Охридско Езеро


Изумрени плашици плутаат на површината на водата на каналот Студенчишта во Охрид.
Изумрени плашици плутаат на површината на водата на каналот Студенчишта во Охрид.

Немањето доток на свежа вода и кислород, сушата, неажурноста на институциите како и урбанизацијата се дел од причините кои добрите познавачи ги посочуваат како главна причина за поморот на плашици во Охрид.

Охриѓани деновиве се сведоци како изумрени плашици плутаат на површината на водата на каналот Студенчишта во Охрид. За само десеттина дена ова е втор пат како се случи помор на овој вид риба. Надлежните излегоа на терен, зедоа примероци од изумрените плашици и според првичните информации причина е недостатокот на свежа вода и ниското ниво на кислород во каналот каде што плашицата овде доаѓа за да презими.
Мислам дека господ нема да ни го прости овој грев кој и го нанесуваме на плашицата. Апелирам до Проаква да пушти минимален проток на вода во Биљанини извори која ќе ја повлече плашицата надолу во долниот дел на каналот и ќе го спречи ова уништување.
Радован Димитриевски, СРК Свети Апостол Петар од Охрид.


Снимките и фотографиите од масакрот над плашицата ќе го обиколат светот и ќе нанесат штета на туризмот, вели Радован Димитриевски од Спортскиот риболовен клуб Свети Апостол Петар од Охрид.

„Мислам дека господ нема да ни го прости овој грев кој и го нанесуваме на плашицата. Апелирам до Проаква да пушти минимален проток на вода во Биљанини Извори, која ќе ја повлече плашицата надолу во долниот дел на каналот и ќе го спречи ова уништување“, вели Димитриевски.
Каналот Студенчишта во Охрид.
Каналот Студенчишта во Охрид.

Екологистот Лазо Наумоски смета дека без доволно количество вода, плашицата нема да може да преживее.

„Во текот на зимата плашицата се повлекува од длабините на езерото према своите места за презимување. Тие места се
Ако продолжи вака ниската тенденција на ниска заситеност на водата со кислород веројатно ќе има нови и поголеми помори.
Атанаско Михаилов, Центар за јавно здравје.
каналот Студенчишта, реката Даљан како и местото кај новоизградените наколни живеалишта. Овие места мора да се средени и да имаат одредена количина на вода за рибата да преживее. Билјанини Извори во просек изминатите години имаа од 5 до 6 метри кубни вода, оваа вода сега таа е значително намалена и претставува пречка
Лазо Наумоски, екологист од Охрид
Лазо Наумоски, екологист од Охрид
плашицата да презими“, вели Наумоски.

Директорот на Центарот за јавно за здравје во Охрид Атанаско Михаилов вели оти испитувањата покажале дека нивото на кислород во каналот било за неколку пати пониско од дозволеното.

„Ако нормално кислородот е меѓу 9 и 10 милиграми на литар, сега е 5,4 милиграми на литар. Значи сега е за половина од дозволеното. Дотурот на свежа вода во каналот од Биљанини Извори е неопходен заради тој биолошки минимум да има доволно количина на кислород во водата. Ако продолжи вака, ниската тенденција на ниска заситеност на водата со кислород веројатно ќе има нови и поголеми помори“, вели директорот на центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов.

Димитриевски од Спортско риболовниот клуб вели дека секојдневно изумирале најмалку по 100 килограми плашица и оти во изминатиов период нивниот број изнесувал околу 15 тони. Тоа го демантира државниот земјоделски инспектор Александар Танчевски.

„Тврдам дека најмногу да има од 15 до 20 килограми ништо повеќе. Во целост го демантирам она што е кажано дека се угинати 15 тони плашица“, вели државниот земјоделски инспектор, Александар Танчевски.

Покрај обезбедување на биолошки минимум на свежа вода во каналот, директорот на Хидробиолошкиот завод во Охрид, Гоце Костовски вели дека за да се спречи ваквата појава постојат две алтернативи а тоа е да се направи физичка дислокација на плашицата или пак да има нејзино физичко изловување. Во меѓувреме несовесни граѓани изумрената плашица ја изловуваат и продаваат на пазарот во Охрид. На влезовите во пазарот се поставени соопштенија дека се забранува купопродажба на риба.
XS
SM
MD
LG