Достапни линкови

Јанкулоска останува министерка - Имало атентат врз Борис Трајковски!?


Собранието доцна синоќа не ја прифати интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поднесена од опозицијата. Опозицијата жестоко ја напаѓаше Јанкулоска. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваа на криминалот од времето на СДСМ. Во неколку наврати, тие повторуваа дека во време на СДСМ се случиле атентати врз претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, иако смртта на Трајковски официјално се води како несреќа.

Собранието доцна синоќа не ја прифати интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поднесена од опозицијата. 33 пратеници гласаа за разрешување на Јанкулоска, 56 беа против, а немаше воздржани.

Ова беше трета неуспешна интерпелација за министерката Јанкулоска во последниве две години.

Опозицијата ја критикуваше, власта ја фалеше. На собраниската седница на која се расправаше за интерпелација на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пратениците од коалицијата предводена од СДСМ жестоко ја напаѓаа работата на министерката, додека оние од владејачкото мнозинство тврдеа дека таа е најуспешниот министер за внатрешни работи.
Криминална транзиција, октоподи, пропаднати штедилници, криминалот со фри-шоповите, шверцот на нафта и цигари, исчезнување на 28 килограми кокаин од депото на МВР, атентати врз претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски. Криминалците од редовите на СДСМ не подлежат на закони, напротив тие се амнестираат, а заеднички именител на двата атентата врз двајцата претседатели на Република Македонија е што СДСМ во тоа време е на власт.
Ѓорѓи Коџобашиев, ВМРО-ДПМНЕ.
.

Образложувајќи ја интерпелацијата, пратеникот Тито Петковски од НСДП рече дека Јанкулоска ги игнорирала повиците на собраниската комисија за надзор над следењето на комуникациите да направат увид во користењето на посебните истражни мерки врз лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски. Следењето на лидер на опозициска политичка партија во време на предизборна кампања е повод за поништување на изборите во секоја нормална демократска земја, рече Петковски.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„МВР по којзнае кој пат покажа дека е држава во држава, која не прифаќа никаква контрола врз своето работење. Власта не успева за овој период да ја убеди јавноста дека членовите на опозицијата не биле следени за време на изборната кампања.“

Опозицијата обвини и за обид за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски, додека владејачкото мнозинство смета дека СДСМ го злоупотребува случајот, кој веќе е расчистен.
После седум години власт, ако имало што да се открива, министерката требало тоа да го направи. Ако е точна една реченица која денеска ја кажавте, вие би требало да барате интерпелација од Гордана Јанкулоска, затоа што ништо од тоа не го покранала.
Радмила Шеќеринска, СДСМ.

Јанкулоска, пак, рече дека барањето за интерпелација треба да биде отфрлено, зашто е полно со невистини и несериозни наводи. Таа рече дека интерпелацијата има за цел да ја прикрие безидејноста на политичари од „мрачната транзиција“. Таа посочи дека Петковски немал забрана да изврши увид во материјалите од прислушување во случајот „Кампања“ и потсети дека додека СДСМ биле на власт имало многу сомнителни и нерасчистени убиства, посочувајќи ги случаите на Трајан Беќиров и Диме Ицковски Поштарот.

На иста линија беа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие потсетуваа на бројни случаи на нерасчистен криминал од времето додека СДСМ биле на власт.

„Криминална транзиција, октоподи, пропаднати штедилници, криминалот со фри-шоповите, шверцот на нафта и цигари, исчезнување на 28 килограми кокаин од депото на МВР, атентати врз претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски. Криминалците од редовите на СДСМ не подлежат на закони, напротив тие се амнестираат, а заеднички именител на двата атентата врз двајцата претседатели на Република Македонија е што СДСМ во тоа време е на власт“, рече пратеникот Ѓорѓи Коџобашиев од ВМРО-ДПМНЕ.

На тоа реплицираше пратеничката Радмила Шеќеринска од СДСМ.

„После седум години власт, ако имало што да се открива, министерката требало тоа да го направи. Ако е точна една реченица која денеска ја кажавте, вие би требало да барате интерпелација од Гордана Јанкулоска, затоа што ништо од тоа не го покранала. Павле Трајанов ви е во вашата коалиција, денеска молчи. Се чудам, денеска молчат и пратениците од ДУИ.“

Од излагањето на Коџобашиев се отвора и прашањето дали претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа, како што е официјалната верзија, или врз него беше извршен атентат? Претходно и пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека за време на владеењето на СДСМ се случиле „два атентати на претседатели на држава“, а министерката Јанкулоска рече дека е преголем товарот „од тоа што им се случи на двајца претседатели“ во време на СДСМ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG