Достапни линкови

Волебек: Малку треба за конфликт


Средба на премиерот Никола Груевски со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек
Средба на премиерот Никола Груевски со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек

Владата, локалната самоуправа, медиумите, невладините организации треба да ги подвлечат и акцентираат суштинските проблеми поврзани со меѓуетничките тензии, изјави високиот претставник за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек.

Загрижени сме за неодамнешните инциденти во Струга и струшко, но не мислам дека ситуацијата треба да се драматизира. Во изјава за нашето радио, високиот претставник за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек вели дека медиумите треба да внимаваат како ги презентираат актуелните состојби во државава и да не ги прават работите полоши отколку што се. Сепак, Волебек признава дека потребно е многу малку за да се случи конфликт.
Мислам дека сето ова е пример кој ни кажува дека е потребно многу малку за да се предизвика пожар во оваа земја поради тензиите кои веќе постојат. Затоа е важно сите владата, локалната самоуправа, медиумите, невладините организации да ги подвлечат и акцентираат суштинските проблеми поврзани со меѓуетничките тензии.
Кнут Волебек, ОБСЕ.

„Мислам дека сето ова е пример кој ни кажува дека е потребно многу малку за да се предизвика пожар во оваа земја поради тензиите кои веќе постојат. Затоа е важно сите владата, локалната самоуправа, медиумите, невладините организации да ги подвлечат и акцентираат суштинските проблеми поврзани со меѓуетничките тензии“, изјави Волебек.

Она што е многу добро, посочува тој, е што не се работи за меѓуверски конфликт. Волебек се сретнал со претставници на Македонската православна црква и Исламската верска заедница од кои добил уверување дека би сакале да помогнат во решавањето на настанатиот конфликт.

Добро е што првичните изјави на религиозните и политичките власти​
Обраќање на високиот претставник за национални малцинства во ОБСЕ, Кнут Волебек, пред собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.
Обраќање на високиот претставник за национални малцинства во ОБСЕ, Кнут Волебек, пред собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.
беа смирувачки и така треба да се продолжи, апелира Волебек.

„Мислам дека е многу важно ова да не се политизира на кој било начин и исто така да се продолжи со работа на суштинските проблеми. Затоа и јас продолжувам да работам во насока на натамошна едукација. Во спротивно, би трчал само кога има итна потреба. А, такви ситуации секогаш има и тие треба да се потенцираат. Но, тоа не
Мислам дека е многу важно ова да не се политизира на кој било начин, и исто така да се продолжи со работа на суштинските проблеми.
Кнут Волебек, ОБСЕ
треба да бидат главните прашања. Потребни се долгорочни и структурни решенија за проблемите“, изјави Волебек

По средбата со премиерот Никола Груевски, предвидено е Волебек да се сретне и со шефот на државата, Ѓорге Иванов.

Претпладнево Волебек се обрати пред парламентарниот комитет за односи меѓу заедниците, од којшто побара активна работа во насока на смирување на тензиите и зацврстување на мултиетничкиот карактер на државата во сите сфери на општеството. Порача надлежните да ги спроведат реформите во образованието и да ја зголемат свеста кај сите етнички заедници во градењето просперитетна и стабилна иднина.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG