Достапни линкови

Македонија ќе се бори за Олимпијада


Со победата против Словенија, Македонија го освои 5 место на ЕП во Србија и го оствари најдобриот резултат во историјата.

Македонските ракометари со 28-27 ја победија Словенија и го освоија 5 место на ЕП во Србија. Со тоа Македонија обезбеди пласман на квалификацискиот турнир за Олимпијадата во Лондон што ќе се одржи годинава.
Капитенот Кире Лазаров, со вкупно 61 постигнат гол, стана најдобар стрелец на едно европско првенство во историјата. Досегашниот рекорд го држеше Исланѓанецот Олафур Стефансон кој даде 58 гола на европското првенство во 2002 година во Шведска.

Капитенот Кире Лазаров е најдобар стрелец на првенството, а со постигнатите 8 гола против Словенија, со вкупно 61 постигнат гол, стана најдобар стрелец на едно европско првенство во историјата. Досегашниот рекорд го држеше Исланѓанецот Олафур Стефансон кој даде 58 гола на европското првенство во 2002 година во Шведска.
Македонски навивачи на ЕП во Србија.
Македонски навивачи на ЕП во Србија.

Лазаров веќе е најдобар стрелец во историјата на светските првенства со 92 гола што ги даде на Светското првенство во Хрватска пред три години.

Освен Лазаров, втор стрелец во македонскиот тим на натпреварот со Словенија беше пикерот Стојанче Стоилов со 6 гола. Голманот Борко Ристовски имаше 11 одбрани.
Ова е најголем репрезентативен успех во историјата на македонскиот ракомет. Досега, најголем успех на машката ракометна репрезентација беше 11 место на светското првенство во Хрватска во 2009 година.

Најефикасен кај Словенците беше Јуре Доленц со 7 голови, а Лука Звизеј даде 6.

Ова е најголем репрезентативен успех во историјата на македонскиот ракомет. Досега, најголем успех на машката ракометна репрезентација беше 11 место на светското првенство во Хрватска во 2009 година.

Ракометарките, пак, досега беа поуспешни. На светското првенство во 1997 година во Германија го освоија 7 место, а во 1999 година во Норвешка беше 8 во светот. Женската ракометна репрезентација беше 7 и на ЕП што се одржа во Македонија во 2008 година, а на 8 место заврши на европските првенства во 1998 година во Холандија и во 2000 година во Романија.

Натпреварот, за разлика од останатите на кои играше Македонија, се одигра пред полупразна сала. Организаторот продаваше блок билети за сите три денешни натпревари, па со оглед на тоа што Србија вечерва игра во полуфиналето против Хрватска, домашните навивачи купиле најголем дел од билетите.

Македонија и Словенија играа во баражот за ЕП 2008 во Норвешка, при што Словенците победија и во двата меча. Во Скопје победија со 33:32, а во реваншот во Марибор со 33:28.

Македонија досега на ЕП има четири победи - против Чешка, Полска, Србија и Словенија, еден нерешен резултат со Шведска и два минимални порази од Германија и од Данска.

Капитенот Кире Лазаров, според официјалната статистика, е најкорисен играч во досегашниот тек на првенството. Освен што е најдобар стрелец, тој е и меѓу најдобрите асистенти на првенството, а голманот Борко Ристовски со 81 одбрана, засега има најмногу одбранети удари на шампионатот. Сепак, неговиот рекорд може да го надминат голманите на полуфиналистите, кои треба да одиграат уште по два натпревари.

Вечерва се играат и полуфиналните средби. Шпанија и Данска ќе се борат за влез во големото финале од 17:45ч., а домаќинот Србија ќе игра со балканскиот ривал Хрватска во 20:15ч.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG