Нашиов народ се чита како книга. Веројатно и затоа умни политичари, што знаат тоа да го искористат, ќе владејат со него колку што сакаат. Темата што по правило предизвикува емоции, и ваши коментари - платите и социјалата, почитувани, дека шефот на државата, претседателот на Собранието и градоначалниците ќе добијат
покачување на своите плати за 5% поради, нели, зголемените трошоци за живот, ве предизвикала да коментирате, но ни оддалеку толку жестоко колку што би се очекувало.
Ама, кога станува збор за името - е, тука нема промашување: дефинитивно, ги уривате сите рекорди според бројот на испратените коментари и според емотивниот набој.
Значи, нашиот текст: „Ќе остане ли власта глува за пораките на Рикер“ ги „собрал“ сите ваши коментари и е најкоментиран во изминатата недела. И повторно, консултираните аналитичари не ви се по ќеф, па Деко од Скопје пишува дека некои од нив се прават многу умни. Ако проблемот бил лесен ќе се решеше, пишува, а и не ги разбирал кога ја напаѓале владата што не попушта.
Горан смета дека ЕУ и НАТО не го
почитувале меѓународното право и и' дозволувале на Грција да поставува непринципиелни услови, а Јосиф Давидов текстот на нашиот новинар го нарекува „шегобиен“, а политиколозите ги става меѓу наводници.
Читател од Скопје со иронија предлага државата да сме си ја прекрстеле во Дембелија во која живее народ дембели. На тој начин најлесно ќе сме го решеле проблемот со Европејците, зашто, според него, Грците очигледно не биле проблемот. Александар, пак, предлага аналитичарите да објаснат што подразбираат под поимот „заеднички јазик“ и дали „во болни супстанци среде НАТО“ ги смета и Бугарија, Грција и Турција кои се членки на Алијансата, а имаат голем број меѓусебни проблеми. Од друга страна, Жанета порачува: „Нација која нема што да покаже за себе во сегашноста, има тенденции да го глорификува минатото“.
Што се однесува до прилогот за покачувањето на функционерските плати, Владо коментира дека тоа е срамота, а Бојан пишува дека сегашните пари им биле малку, дека не стигнале да изрекетираат, да продадат и да исперат доволно пари. Стојко ја користи познатата навивачка песна, па пишува: „Излези момче право на тераса, па да видиш што се работи во државата твоја“, а Елена има само една реченица: „Како не ви е срам?!!!“
Кога ја спомнавме навивачката песна, во младинската он-лајн колумна, Кренар Лога од Младинскиот форум од ДПА ги изнесува своите ставови за национализмот на спортските натпревари, поттикнат од неумесните и навредливи песни на македонските навивачи на Европското првенство во ракомет, навредливи за сограѓаните Албанци, па на медиумите и на јавноста им порачува да не молчат за оваа појава.
Имаме и ново прашање во Хајд паркот, но за сево ова во следниот понеделник. Дотогаш може да ја погледнете анкетата и да одговорите на прашањето од Хајд Паркот.
Некој на дрва, некој на парно или струја, кое од кое поскапо. Кој е најевтиниот начин за затоплување?
Нација која нема што да покаже за себе во сегашноста, има тенденции да го глорификува минатото.Коментар на читател.
Ама, кога станува збор за името - е, тука нема промашување: дефинитивно, ги уривате сите рекорди според бројот на испратените коментари и според емотивниот набој.
Значи, нашиот текст: „Ќе остане ли власта глува за пораките на Рикер“ ги „собрал“ сите ваши коментари и е најкоментиран во изминатата недела. И повторно, консултираните аналитичари не ви се по ќеф, па Деко од Скопје пишува дека некои од нив се прават многу умни. Ако проблемот бил лесен ќе се решеше, пишува, а и не ги разбирал кога ја напаѓале владата што не попушта.
Горан смета дека ЕУ и НАТО не го
Излези момче право на тераса, па да видиш што се работи во државата твоја.Коментар на читател инспириран од прилогот за покачување на платите на функционерите.