Достапни линкови

Македонија не смее да дозволи враќање на визите


Прослава на одлуката за укинување на Шенген визите, 2009 година.
Прослава на одлуката за укинување на Шенген визите, 2009 година.

Нема најави дека на Македонија ќе и биде вратен визниот режим, но доколку тоа се случи последиците за земјава би биле катастрофални, велат упатените.

Македонија не смее да дозволи да биде вратен визниот режим, вели министерот без ресор во владата Неждет Мустафа, по информацијата дека Европската Унија усвоила механизам според кој во вонредни ситуации и по итна постапка може да ги врати визите за граѓаните на државите од Западен Балкан. Бројот на лажни азиланти од Македонија е значително намален, уверува министерот Мустафа.
Тоa големо задоволство што ни е во моментот да не смееме да го злоупотребуваме и да не се вратиме во чекање во редици пред одредени амбасади.
Неждет Мустафа, министер без ресор.

„Тоa големо задоволство што ни е во моментот да не смееме да го злоупотребуваме и да не се вратиме во чекање во редици пред одредени амбасади.“

Од владата велат дека посебно формираниот министерски комитет работи интензивно на терен и преку директни средби со граѓаните укажува на штетните последици за државата доколку повторно се вратат визите. Граѓаните не смеат да ја злоупотребуваат својата патна исправа и не треба да очекуваат добивање азил во други држави, вели Мустафа.
Неждет Мустафа министерот без ресор
Неждет Мустафа министерот без ресор

„Населението западна во огромни лаги на одредени лажни туристички агенции манипуланти, ние со наши директни конкретни активности со месното население учествуваме да им објасниме дека не смеат да ја злоупотребуваат својата патна исправа, и поред тоа бевме принудени како влада да донесеме дури и одредени законски санкции во однос на злоупотреба на патната исправа.“
Ќе значи голем чекор наназад во европските интеграции за нас, затоа што после тоа ќе мораме повторно да ги убедувмае дека сме постигнале одредено ниво за да добиеме нешто што веќе сме го имале. Буквално за се ќе бидеме оценувани од ден на ден и ако не напредуваме добор, ќе бидеме стопирани.
Никола Дујоски, универзитетски професор.

За упатените во оваа област, ваквиот тип мерки се благи. Државата треба да примени други механизми со кои ќе ги стимулира граѓаните да не заминуваат надвор од границите.

„Од поодамна е работата многу посериозна отколку да е доволно само убедувањето на граѓаните. Државата може да примени и други мерки, да го стимулира развојот на краиштата каде тие луѓе живеат, како што Европа правеше. Ние за жал се уште во подрачјата каде што живеат Ромите и во северозападниот дел, особено во кумановскиот, липковскиот дел не преземаме ништо за да се подобри состојбата“, објаснува универзитетскиот професор Никола Дујоски.

Во моментот нема најави дека на Македонија ќе и биде вратен визниот режим, вели Дујоски. Но доколку тоа се случи последиците за земјава би биле катастрофални.

„Ќе значи голем чекор наназад во европските интеграции за нас, затоа што после тоа ќе мораме повторно да ги убедувмае дека сме постигнале одредено ниво за да добиеме нешто што веќе сме го имале. Буквално за се ќе бидеме оценувани од ден на ден и ако не напредуваме добро, ќе бидеме стопирани“, заклучува Дујоски.

Неодамна, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека полицијата е целосно фокусирана на превентива од каква било злоупотреба на визната либерализација и дека постои политичка волја и институционална решеност оваа појава да се искорени во целост. Од полицијата велат дека се влучени во низа меѓународни активности, особено во областа на размена на информации и координација како основни предуслови за спречување на илегалната миграција.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG