Достапни линкови

Од сидата најпогодени Русија и Украина


Денеска е годишниот светски ден на борба против сидата. Денот има за цел свртување поголемо внимание на мерките за спречување и лекување на ХИВ вирусот кој во својот најнапреднат стадиум прераснува во инфекција позната како сида.

Светската здравствена организација објави дека Источна Европа и Централна Азија продолжуваат да покажуваат драматичен раст на зазарени луѓе со вирусот ХИВ.

Порастот на новоинфицарни во периодот од 2001 до 2010 е скоро 250 насто. Она што особено загржува е дека 90 насто од инфекциите биле забележани само во две земји: Русија и Украина.

Одделот на Обединетите нации за борба против оваа болест додава дека главна причина за инфекцијата таму е инјектирање дрога, но и тоа дека значително пренесување имало и преку сексуален однос.
Обединетите нации соопштија дека од сида во текот на изминатите три децении починале повеќе од 25 милиони луѓе.

По забавувањето на ширењето на сидата во почетокот на векот, сепак таа од 2008 година продолжи да се шири особено во Источна Европа и Централна Азија каде што се забележани и најголем број смртни случaи.

Во извештајот има пофалби за Иран, при што се спомнуваат напорите на властите да се справат со здравствените проблеми кај лицата кои инјектираат дроги.

Во светот, според податоците на Обединетите нации бројот на нови инфекции со ХИВ падна на 2,7 милиони во 2010 година, што е намалување од 3,1 милиони во 2001 година.

Обединетите нации соопштија дека од сида во текот на изминатите три децении починале повеќе од 25 милиони луѓе.

Исто така се додава дека со вирусот ХИВ во светот во минатата година живееле околу 34 милиони луѓе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG