Достапни линкови

Илиевска и Несторовски најавуват нови успеси


Каратистите Наташа Илиевска и Мартин Несторовски.
Каратистите Наташа Илиевска и Мартин Несторовски.

По успехот во Премиер лигата, македонските каратисти Наташа Илиевска и Мартин Несторовски, велат дека освојувањето на светски медал, им е следен нов предизвик.

Каратистите Наташа Илиевска и Мартин Несторовски ги освоија првите места во своите категории во најквалитетното светско натпреварување Премиер лигата. До овој подвиг тие дојдоа откако на завршниот турнир во Салзбург, Наташа се закити со сребрен, а Мартин со бронзен медал, што беше доволно за челната позиција во генералниот пласман за оваа година. Тоа е историски успех на македонското карате, а кога е во прашање Илиевска, нова потврда за нејзината супериорност во дисциплината борби до 55 килограми. Имено, таа годинава освои златен медал на Европското првенство во Швајцарија, а е убедливо прва и на светската ранг листа, со што ги надмина и своите најоптимистички очекувања.
Ќе се обидам наредната година да го повторам овој успех што ќе биде многу тешко бидејќи сите ќе имаат предизвик да ме победат затоа што јас сум бил првиот во оваа категорија.
Мартин Несторовски, каратист на „Металург“.

„Сите овие успеси за мене се врв во кариерата, јас и да сум сонувала би сонувала едно вакво остварување, на пример европското злато во Цирих, но ова е животен сон на секој спортист бидејќи јас оваа година сите врвови успеав да ги достигнам, и европското злато и светската ранг листа сега дополнително премиер ранг листата, едноставно врв!“, рече каратистката на „Макпетрол“.
Каратистите Наташа Илиевска и Мартин Несторовски на прием во Агенцијата за спорт и млади.
Каратистите Наташа Илиевска и Мартин Несторовски на прием во Агенцијата за спорт и млади.

Огромното задоволство од титулата шампион во Премиер лигата, во категоријата над 84 килограми, е присутно и кај Несторовски.

„Не знам што да кажам, се уште сум возбуден и не сум ни свесен дека така да кажам сум на врвот на светот. Ќе се обидам наредната година да го повторам овој успех што ќе биде многу тешко бидејќи сите ќе имаат предизвик да ме победат затоа што јас сум бил првиот во оваа категорија“, изјави членот на „Металург“, кој за следната година најавува атак и на медал од европско и од светско првенство.

Имајќи ја предвид силната
Неостварена желба ми е да освојам и медал и од официјално светско првенство бидејќи мислам дека тогаш дефинитивно ќе имам остварено се што може да оствари еден спортист, така што единствено што можам да го посакам е дека би сакала да ја повторам оваа година.
Наташа Илиевска, каратист на „Макпетрол“.

конкуренција, особено за Мундијалот кој по 12 месеци ќе се одржи во Париз, тој е свесен дека тоа нема да биде ни малку лесно, но и убеден дека со сериозен пристап ништо не е невозможно.

„Тоа што било некогаш за македонското карате како мит дека неможе да се освои медал, повеќе не е така, и тоа го докажуваме изминатиов период како со освојување на медали од светски, европски првенства, премиер лиги итн, така што се е достижно и секој може да се победи само не треба да се потцени противникот“, вели Несторовски.

Мундијалскиот медал, како единствен кој и недостасува во богатата колекција трофеи, е следната цел и за, веќе трета година по ред, нашата најдобра спортистка.

„Неостварена желба ми е да освојам и медал и од официјално светско првенство бидејќи мислам дека тогаш дефинитивно ќе имам остварено се што може да оствари еден спортист, така што единствено што можам да го посакам е дека би сакала да ја повторам оваа година, да освојам и светски медал и со тоа да ја заокружам и завршам мојата кариера онака како што му доликува на еден спортист“, истакна Илиевска.
XS
SM
MD
LG