Достапни линкови

Семејството Нешкоски се сомнева дека ќе добие правда


Од протестите против полициска бруталност по убиството на Мартин Нешкоски.
Од протестите против полициска бруталност по убиството на Мартин Нешкоски.

Според семејството на убиениот Мартин Нешкоски, досегашното судење не влева надеж дека правдата ќе биде задоволена. За адвокатот на обвинетиот, процесот е коректен.

Судењето за убиството на Мартин Нешкоски за неговото семејството досега покажува дека правдата нема да биде задоволена, додека за адвокатот на обвинетиот, процесот е коректен. Сите сведоци потврдија дека виделе еден маж како го тепа Нешкоски, но само еден од нив го посочи обвинетиот Игор Спасов, кој пак се изјасни за невин и побара да биде тестиран на полиграф за да се докаже вистината.

Спасов, за разлика
Јас им носам докази и моите докази не сакаат ниту да ги уважат, не да ги уважат, туку не сакаат ниту да ги погледнат. Се прави се за да се заташка случајот.
Александар Нешкоски, брат на убиениот Мартин Нешкоски.
од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска тврди дека бил работно ангажиран ноќта кога се прославуваше изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и кога беше убиен Нешкоски.

Братот на жртвата, Александар Нешкоски вели дека од самиот чин на убиството државата се обидува да го сокрие случајот, а истата пракса продолжува и на судењето.

„Досега ниту еден не побара докази, значи не бараат докази за убиство на плоштад каде што беше премиерот Груевски, значи не бараат докази. Јас им носам докази и моите докази не сакаат ниту да ги уважат, не да ги уважат, туку не сакаат ниту да ги погледнат. Се прави се за да се заташка случајот.“

Адвокатот на обвинетиот, Ване Андреев вели дека постапката досега се води правилно од страна на судот и од обвинителството, како и од страна на сите учесници и немало никакво изненадување и неочекувани моменти, туку допрва започнува да се докажува фактичката состојба.

„Значи досега имаше расправа, меѓутоа кога пред судот излегуваат доказите се утврдува правната фактичка состојба и тоа на некој начин е вистината која се случува.“
Не сметам дека се заплетка, туку сметам дека се расплетува целиот случај и треба да се утврди вистинската одговорност - кој што презел, дали презел, дали обвинетиот извршил кривично дело убиство.
Ване Андреев, адвокат на обвинетиот Игор Спасов.

Според Нешкоски, доволно е да се објасни прашањето каде се снимките од настанот и кој не сака да ги објави, бидејќи е невозможно на место каде бил присутен премиерот да нема камери.

„Ние поднесовме барање, мојот адвокат поднесе барање, и од таму одговорите беа ,,немаме“, а Телекабел има 24-часовен надзор. Кога имавме протести доаѓаат од полиција да го снимаат протестот, истите такви луѓе, и во цивилно и во униформа, доаѓаат и на прославите да снимаат, секој трети човек е нивно обезбедување и сега, не може да нема камери.“

Андреев, пак, смета дека случајот полека се расплетува.

„Не сметам дека се заплетка, туку сметам дека се расплетува целиот случај и треба да се утврди вистинската одговорност - кој што презел, дали презел, дали обвинетиот извршил кривично дело убиство.“

Судењето продолжува во среда и се очекува да трае околу две недели и притоа да бидат испрашани 28 сведоци.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG