Достапни линкови

Чеку - Нема опасност од косовските настани


Министерот на косовските безбедносни сили Агим Чеку во посета на Македонија.
Министерот на косовските безбедносни сили Агим Чеку во посета на Македонија.

Нема опасност од прелевање на ситуацијата од северот на Косово во регионот, изјави косовскиот министер Агим Чеку.

Настаните на северот од Косово се настани кои се контролирани и нема да се пренесат во Македонија, рече министерот на косовските
Значи не постои никаков ризик овој проблем да се рефлектира, на било кој друг дел на Косово, а најмалку во Македoнија или пак во другите земји во регионот
Агим Чеку, министер на косовските безбедносни сили

безбедносни сили, Агим Чеку, при посетата на Македонија.

„Мислам дека сега се создадени и политички околности, исто така е создаден унифициран став на меѓународната заедница за ова прашање, дека овој проблем треба да се реши со тоа што северниот дел ќе биде интегрален дел на Косово, и Косово треба да ги контролира сите државни граници. Значи не постои никаков ризик овој проблем да се рефлектира, на било кој друг дел на Косово, а најмалку во Македoнија или пак во другите земји во регионот“, вели Чеку.
Домаќин на косовската делагација, министерот за одбрана Фатмир Бесими
Домаќин на косовската делагација, министерот за одбрана Фатмир Бесими


Домаќин на косовската делeгација, беше министерот за одбрана Фатмир Бесими. По средбата, двајцата министри изјавија дека соработката меѓу Македонија и Косово треба да биде пример за добрососедска соработка за целиот регион. Косовскиот министер се надева дека како што соработува со земјава, ќе соработува и со останатите земји од регионот со кои засега нема добра соработка.
Евроатлантските интеграции се најдобрата алтернатива за сите земји од регионот, мирот и стабилноста се витални услови за развојот на регионот
Фатмир Бесими, министер за одбрана

Двајцата министри се согласија дека интеграциите во ЕУ и НАТО остануваат приоритети на двете земји.

„Евроатлантските интеграции се најдобрата алтернатива за сите земји од регионот, мирот и стабилноста се витални услови за развојот на регионот во духот на добро-соседски, партнерски односи кон целта за евроинтеграции Република Македонија ги промовира мировните процеси и дијалогот како единствен инструмент за воспоставување на одржлив мир и стабилност на сите земји од регионот“, изјави министерот за одбарана Фатмир Бесими.

Но, Чеку вели дека на Македонија и е нанесена политичка неправда, со тоа што не е членка на НАТО и покрај се што направила.

На средбата било договорено, Македонија да му помага на Косово со воени обуки, да ги пренесе искуствата при спроведување на реформите за членство во НАТО и да ги подржи аспирациите на Косово за членство во сите регионали иницијативи.

По средбата во министерствотo за одбрана, косовската делегација во Владата имаше средба со премиерот Никола Груевски. Потоа делегацијата ќе ја посети и Воената академија „Михајло Апостолски“, регионалниот тренинг центар за комуникации и Воениот медицински центар.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG