Достапни линкови

Власта не се согласува со Хелсиншки


За власта, загриженоста на Хелсиншкиот комитет за демократијата е согледување на организација „со дискутабилен кредибилитет“.

Извештајот на Хелсиншкиот комитет во кој се изразува загриженост за демократските процеси во земјата поради притисоците врз медиумите, обидите да се замолкне академската јавност и слабостите на судството, беше повод да се види степенот на демократија во очите на претставниците на партиите во власта, а нивните податоци укажуваат дека работат како политички партии да отворат дебати.
Апсолутно, тоа што го кажуваат, не држи. Дебата никогаш доста, апсолутно. Но, мислам дека ние како политичка партија правиме се за да отвориме дебата.
Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ го оцени извештајот како уште едно согледување на организација која има дискутабилен кредибилитет, со оглед дека „оваа меѓународна организација повеќе не постои“. Сепак, тој посочи дека можеби има помала од посакуваната иницијативнсот за учество во стручни расправи.

„Апсолутно, тоа што го кажуваат, не држи. Дебата никогаш доста, апсолутно. Но, мислам дека ние како политичка партија правиме се за да отвориме дебата, но исто така свој придонес треба да дадат и оние кои се повикани на дебата.“
Прашањето на немањето критичката свест во Македонија секој ден е се поизразено, вели професор Гордан Калајџиев од Хелсиншкиот комитет
Прашањето на немањето критичката свест во Македонија секој ден е се поизразено, вели професор Гордан Калајџиев од Хелсиншкиот комитет


Николовски, како еден од примерите, го посочи тоа што и од неодамна се конституираше тело составено од претставници на владата и на ЗНМ кои треба да ги анализираат состојбите во медиумите.

За оваа инцијатива во домашната јавност имаше и критики дека владата
Многу закони биле оспорени од страна на Уставниот суд на Македонија, што значи дека сепак има институции кои ги бранат правата и слободата на граѓаните на Македонија. Не е се темно како што се прикажува во целина.
Сафет Незири, ДУИ.
не е искрена во намерата, туку тоа го прави за да добие позитивен извештај од Европската комисија.

Во месечниот извештај се забележува оти сериозен проблем во делот на академската јавност е и тоа што минатогодишната едногласна поддршка за иницијативата за давање на Уставен суд на измените на законот за високо образование, сега се сведе на група од неколку професори.

Според Сафет Незири од ДУИ, кој е и заменик министер за образование, има начини за вклучување на оние што се насочени кон воспоставување поинакви решенија од оние што ги замислила владата:

„Има закон и Устав, многу закони дали од образованието, и од други сфери, многу пати биле оспорени од страна на Уставниот суд на Македонија, што значи дека сепак има институции кои ги бранат правата и слободата на граѓаните на Македонија. Не е се темно како што се прикажува во целина.“

ако власта може да избрка од работа, да смени судии, да ги избрка првите луѓе на судството, што сакате со обичните луѓе?
Гордан Калајџиев, Хелсиншки комитет
Во месечниот извештај Хелсиншкиот комитет, по појавата на неколку случаи, забележува дека прашањето на немањето критичката свест во Македонија секој ден е се поизразено:

„Јас не верувам дека сенатори, или редовни професори пред пензија дека врз нив некој врши реален притисок, во смисла на застрашување. Таа клима дека оваа власт е семоќна и дека може се да ви „стокми“ произлегува токму од овие случаи на коишто ние реагираме, каде што се гледа дека ако власта може да избрка од работа, да смени судии, да ги избрка првите луѓе на судството, што сакате со обичните луѓе?“, изјави Гордан Калајџиев, претседател на Хелсиншкиот комитет.

Според податоците на едно друго истражување на невладина организација од пред неколку месеци, дел од луѓето се плашат да го изразат својот став. Овој податок, како што наведоа од таму,се должел на страв да не се изгуби работното место.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG