Достапни линкови

Ваши коментари


Многу коментари од нашите слушатели со „браво“ или „ура“ за одговорот на Груевски упатен до Брисел, по извештајот на ЕК за Македонија.

Дали во Македонија е изроден евроскептицизам? Дали кај Македонците е заиграно петлето наречено слеп патриотизам? Судејќи според одговорите во Хајд паркот на прашањето дали премиерот Груевски сака да ја внесе земјава во Европската унија и на текстовите во врска со извештајот на Унијата за Македонија - одговорот на овие две прашања е - да.

Има многу коментари со браво и ура за Груевски, со уа за ЕУ, како од Срѓан од Скопје, дури и стихови, како оние од Лео во стилот: „Славејчето пее - лидеро да живее; Кукајцата кука - ЕУ да испука!“.

Меѓу оние контра Унијата има и здраворазумно напишани, кои сепак се и објективни,
Дали во Македонија е изроден евроскептицизам?
Дали во Македонија е изроден евроскептицизам?
бидејќи и ЕУ заради солидарност и заедничка надворешна политика покажува неспособност да реши проблем всушност кај една своја членка. Како, на пример, коментарот на Горан од Крива Паланка дека Груевски сакал да ја внесе Македонија во ЕУ, ама не по секоја цена. Порано бев, пишува Горан, но сега веќе не сум за влегување на Македонија во ЕУ, пред се' поради уцените и навредите кои ги трпиме затоа што сме Македонци. Евроскептицизмот расте се повеќе и тоа по заслуга на корумпираните политичари на Европа.

Или коментарот на Владо од Скопје дека цената за влегување во ЕУ е премногу скапа за Македонците, зашто, смета Владо, ни тој, ниту, пак, Македонците, немаат намера да си го менуваат ни името ни идентитетот.

Но, почитувани, меѓу пораките има и такви кои сметаат дека премиерот Груевски треба да замине од власта, што ќе биде двојна добивка, зашто веќе 6 години и штети на Македонија, како што пишува Александар од Битола.

Марина смета дека премиерот сака Македонија да влезе во ЕУ ама единствено доколку стекне доволно моќ да ги микроменаџира, контролира и да ги уредува односите во Унијата во областите на јавните набавки, судството, медиумите, и тн.

Мрки од Скопје мисли дека Груевски избрал интересна стратегија за обвинување на меѓународната заедница и Грција за неуспесите заради привлекување гласови и заради зачувување на своето перфектно патриотско „јавно јас“, а Трајко забележува дека на Македонија и' се множат непријателите, но се додека ги има, вели, Груевски ќе си биде цар!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG