Достапни линкови

Арапската лига бара дијалог во Сирија


Сиријци палат руски и кинески знамиња за време на состанокот на Арапската лига во Каиро.
Сиријци палат руски и кинески знамиња за време на состанокот на Арапската лига во Каиро.

Арапската лига планира да ги седне на заедничка маса сириските власти и опозицијата за да најдат начин да го сопрат насилството во земјата. Сирија, пак, се сомнева дека зад овоj потег на Лигата стoјат СAД.

Министерот за надворешни работи на Катар, Јасин бин Џабар ал Тани, кој преседаваше со Арапската лига изјави:

„Ние сме обврзани, како арапски браќа, да се состанеме и да најдеме решение и мерки како да се стави крај на насилството и крвопролевањето во Сирија.“
Ние сме обврзани, како арапски браќа, да се состанеме и да најдеме решение и мерки како да се стави крај на насилството и крвопролевањето во Сирија.
Јасин бин Џабар ал Тани,министер за надворешни работи на Катар.

Договорот е постигнат на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига што се одржа во Каиро. Решено е да се формира комитет што треба да го воспостави дијалогот меѓу опозицијата и власта.

Катарскиот министер Ал Тани изјави дека одговорноста на Арапската лига е историска пред Сиријците и Арапите како еден народ. Решението, според Ал Тани, треба да е прифатливо за сирискиот народ.

Сирискиот амбасадор во Лигата, Јусуф Ахмед, пак, изјави дека состанокот во Каиро е сомнителен и чуден. Тој изрази верување дека тој е поврзан со неуспехот на САД и на европските сојузници да донесат резолуција во Советот за безбедност против Сирија.
Амбасадорот на Сирија Јусуф Ахмед
Амбасадорот на Сирија Јусуф Ахмед


Генералниот секретар на Арапската лига, Набил Ал Араби, пак, изјави:

„Не е можно да се толерира вакво насилство. Арапската лига и арапските држави во целина мора да се соочат со кризата во Сирија.“

Набил ал Араби претходно ги демантираше наводите дека Сирија е суспендирана од ова регионално тело поради големото насилство од армијата врз антивладините демонстранти.

Во меѓувреме, активисти за човекови права тврдат дека илјадници сириски војници со оклопни возила отвориле оган во градот Забадани, кој се наоѓа во близина на границата со Либан. Активистите тврдат дека војниците ги чешлаат полињата во близина на градот во потрага по дезертери, ограбуваат домови, запленуваат автомобили, и уапсиле најмалку 100 луѓе.

Претходно во тој регион се воделе жестоки битки меѓу дезертерите и лојалните сили на власта. Според Обединетите нации, досега во Сирија загинаа три илјади луѓе, од кои 187 деца.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG