Достапни линкови

Дневен печат


„Со пописот се спаси и коалицијата“, „Македонците се пребројуваат, а Албанците се надбројуваат“, „Препораката не е вечна“ - дел од насловните во весниците.

Значи, пописот. Почна, нели, на 1 октомври и веќе ги полни медиумите со политиката во и околу себе. „Со пописот се спаси и коалицијата“ - забележува Утрински, информирајќи, истовремено, за оставката на претседателката на Државната пописна Весна Јаневска и за нејзините обвинувања дека се подготвува пописен фалсификат.

Утрински исто така пишува за тоа дека „Пописот почна со тепачки“ и за „Темпираната бомба“ како и за оставката на членот на Пописната комисија, Абдулменаф
Вечер прашува „Дали најголемата статистичка операција во земјава ќе се прологира и нема да заврши во предвиденото време до 15 октомври?“.

Беџети, нагласувајќи ја дилемата од неговата изјава дали не ќе беше подобро пописот да се одложи наместо да се ризикува непризнавање на резултатите и тивок бојкот.

Нова Македонија насловува дека „Македонците се пребројуваат, а Албанците се надбројуваат“ изнесувајќи интересна изјава од високи партиски извори на ВМРО-ДПМНЕ дека меѓу Груевски и Ахмети била направена трампа - амнестија на хашките случаи за реален попис.

Вечер само пророчнички го поставува прашањето „Дали најголемата статистичка операција во земјава ќе се прологира и нема да заврши во предвиденото време до 15 октомври?“.

Дневник, во два наврата ја наметнува темата за судскиот процес во Хаг во врска со
Дневник и Утрински информираат за оптимизмот на вицепремиерката за европски прашања, Теута Арифи, дека Брисел ќе напише сличен извештај за земјава како и ланскиот.

тужбата на Македонија против Грција: Ако сме го добиеле спорот, требало да бараме отштета и да се пресмета колку пари ќе требало да ни исплати Грција на име надомест на економска штета поради ветото во Букурешт, а доколку сме го загубеле - дека Македонија ќе требало да се збогува од Времената спогодба за да си тера политика која нејзе и одговара.

Дневник и Утрински информираат за оптимизмот на вицепремиерката за европски прашања, Теута Арифи, дека Брисел ќе напише сличен извештај за земјава како и ланскиот.

Интересен е приодот на Утрински и на Вечер кон интервјуто на францускиот амбасадор во земјава, Шлумберже дадено за нашава Радио Слободна Европа. Утрински во наслов го цитира амбасадорот дека „Препораката не е вечна“ и дека во Македонија се усвоени закони што не се во согласност со европските норми, а Вечер дека Македонија ќе ја добие препораката на Европската комисија за почеток на преговорите.

Утрински во наслов ја цитира изјавата на европратеникот Јелко Кацин за порталот „Балкан инсајт“ дека измамата на јавноста во Македонија ги надминува сите граници, при што целата нација се воведува во илузија и во еуфорија и дека е чест во ова време да те наречат непријател на Македонија.

Вечер кој е познат по несимпатиите кон Словенецот оваа изјава ја објавува во рубриката „Изјава на неделата“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG