Достапни линкови

Арифи го претстави Акцискиот план


Опозицијата и власта со различни гледања за реформите и состојбата на македонските евро интеграции.

Вицепремиерката задолжена за евроинтеграции Теута Арифи во Собранието пред преставниците на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, го престави акцискиот план за тоа како се постапува по препораките што Европската комисија ги дава за Македонија. Акцискиот план се осврнува на неколку точки како што се Охридскиот рамковен договор, декадата на Ромите, реформите во јавната администрација, во судството, борбата протв корупцијата, состојбата со медиумите, царинската унија, прислушкувањето...
Навистина во овие неколку години, може тоа компаративно да се провери и ние тоа како опозиција ќе го направиме, Македонија назадува во сериозни области
Гордан Георгиев, СДСМ

„Апсолутно сме мотивирани за да се одржиме во ориентацијата за членство во ЕУ“, вели Теута Арифи.

Гордан Горгиев од СДСМ, апелираше по извештајот од ЕК за Македонија, кој требаа да биде објавен за десетина денови, на јавноста да и се каже вистината, и да не се излегува со општа оценка.

„Туку да се видиме во огледалото, колку тоа да е искривено да признаеме дека е искривено и да признаеме дека има точки што мора да ги менуваме заеднички. Да не се вадиме повторно на алиби дека само затоа што не е решен спорот за името, Македонија доби позитивен извештај, има проблеми со сите поглавја, ама ете, Грција не опструира. Луѓе не е така. Навистина во овие неколку години, може тоа компаративно да се провери и ние тоа како опозиција ќе го направиме, Македонија назадува во сериозни области.“

Пратеникот Јани Макрадули е незадоволен од акцискиот план.

„Дозволете ми да го изразам моето разочарување од акцискиот план, којшто ниту по форма, ниту по содржина одговара на предизвиците на Македонија во однос на потребите што ги имаме за приближување кон ЕУ. Многу акциски планови во животот имам видено, за жал премногу штур и несодржаен со многу малку конкретни мерки.“
Овие препораки коишто ги имаме добиено можеме да ги сметаме за меки препораки, кои се однесуваат на подобрување на системот во Република Македонија во повеќе области но истиот го препознаваат како функционален.
Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Макрадули најмногу се задржа на точката посветена на прислушкувањето.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека подобриот извештај од ЕК за Македонија ќе биде одговор на продолжување на реформите.

„Согледувајќи ги препораките коишто се дадени од ЕК пред објавувањето на извештајот, можам да кажам дека овие препораки коишто ги имаме добиено можеме да ги сметаме за меки препораки, кои се однесуваат на подобрување на системот во Република Македонија во повеќе области но истиот го препознаваат како функционален, систем којшто веќе постигнал забележителни реформи во изминатите неколку години.“

Вицепремиерката Арифи најави дека Македонија на 17 октомври ќе биде домаќин на состанок на министрите задолжени за евроинтеграции од Западен Балкан и Турција, на кој ќе се разговара за тоа до каде се овие земји на патот кон ЕУ.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG