Достапни линкови

Интервју - Кристијан Хофрајтер


Кристијан Хофрајтер, докторант на универзитетот во Оксфорд.
Кристијан Хофрајтер, докторант на универзитетот во Оксфорд.

Сметам дека се потребни храбри лидери, кои би вложиле личен и политички капитал во изнаоѓање на решение за нивниот народ, вели во интервју за РСЕ, Кристијан Хофрајтер, докторант на универзитетот Оксфорд.

Господине Хофрајтер, се вели дека лидерството е за неколку од многумина. Од друга страна, постојат школи и семинари кои годишно обучуваат перспективни лидери. Кои се очекуваните резултати од ваквите обуки?


Јасно е дека школата за лидери не тежнее кон создавање на генерација на Махатма Ганди кои на добар начин би ја револуционизирале нацијата и земјите на други континенти. Тоа не е реално, но на секоја земја и е потребна генерација на луѓе кои ќе бидат лидери во општеството - во бизнисот, академиите, политиката, граѓанското општество и така натаму. Постојат одредени вештини, како и одредена култура на аспирација, на високо целење и желба за позитивен учинок. Сметам дека нешто како школата за млади лидери може да ги охрабри луѓето да целат високо и да
На секој набљудувач му е очигледен одговорот, од морална и од перспектива на меѓународното право. Можете да ги погледнете Молдавија - нацијата и регионот во Романија и Луксембург - независна земја и регион во Белгија. Значи има многу преседани. Тоа е контекстот и сметам дека има согласност од сите кои се непристрасни. Прашањето е како да се справите со спротивната страна која не ја гледа и не ја препознава оваа поента и тоа е прашање на лидерство.
Кристијан Хофрајтер, за спорот за името меѓу Македонија и Грција.
се стремат кон возвишеност, како и да се дружат со странци кои имаат искуства во нивната земја. На пример, на настанот присуствуваше поранешен унгарски министер за надворешни работи и Комесар на Европската унија. Тоа е фантастична можност за младите луѓе кои и по предавањата можат да разговараат за проширувањето на Европската унија и слично. Сметам дека станува збор за една средина во која се создаваат визии, а не фабрика за производство на Махатма Ганди.

Лидерите во нашата земја се соочени со уникатен спор со Грција. По слободна проценка може да се каже дека нема значаен напредок, барем во последните неколку години. Како може добар лидер да напредува во ваква ситуација?


Ако имав одговор на вакво прашање сигурно ќе заработував многу пари и би седел со врвните лидери од целиот свет. Сепак, можам да ви го понудам моето мислење. Најпрвин, сметам дека на секој набљудувач му е очигледен одговорот, од морална и од перспектива на меѓународното право. Можете да ги погледнете Молдавија - нацијата и регионот во Романија и Луксембург - независна земја и регион во Белгија. Значи има многу преседани. Тоа е контекстот и сметам дека има согласност од сите кои се непристрасни. Прашањето е како да се справите со спротивната страна која не ја гледа и не ја препознава оваа поента и тоа е прашање на лидерство. Како да се напредува дури и ако тоа значи дека на крај тоа што ќе произлезе нема да биде сосема фер, но би било подобро од никакво решение. Сметам дека се потребни храбри лидери, кои го слушаат народот во земјата и лидери кои би сакале да вложат личен и политички капитал во изнаоѓање на решение за нивниот народ.

Многумина го интерпретираат тоа како форма на политичко самоубиство - ако народот не е среќен...


Сметам дека во тоа е и прашањето - дали станува збор за самоубиство или нешто кое на среден или подолг рок ќе се гледа како херојски потег? Тоа може да се утврди само од ретроспектива, начинот на кој ќе не просуди историјата. Воопшто не им завидувам на луѓето кои се дел од македонското лидерство, бидејќи се соочени со прашања за фер односи и право, но од друга страна има и прашања за тоа што е најдобро за обичниот човек. Како што реков, ако го знаев решението, секако би ви одговорил, но немам „магично стапче“.
XS
SM
MD
LG