Достапни линкови

Лустрацијата во погрешна насока


Според експертите, процесот на лустрација е тргнат во погрешна насока, а неколку одредби од законот се спорни.

Лустрацијата се движи во погрешна насока, се согласуваат упатените. Откако двајца членови вчера ја напуштија седницата на Комисијата за верификација на фактите, поради неисполнетото барање за лустрирање на сегашните функционери а не само на нивните претходници, се актуелизира прашањето дали потрагата по кодоши се претвори во лов на вештерки?

Според поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права,
Лустрацијата не смее да се претвори во одмазда за она што се случувало во минатото. Во таа ситуација оние кои биле жртви на минатиот систем стануваат жртви на овој систем со отворањето на нивните досиеја.

Маргарита Цаца Николовска, лустрацијата не се движи во вистинската насока

„Да, според мене од почеток лустрацијата е тргната во погрешна насока. Сите лустраци што се направени, направија негативен ефект, не значи дека тоа требаше да се случи и кај нас ако се спроведеше така како што треба да се спроведува. Лично за мене многу дискутабилен е временскиот период.“

Дискутабилен е и начинот на кој се работи во комисијата за верификација на фактите, додава Николовска.

„Во делот на она што е презентирано во медиумите дека се оди кон селективно постапување и она што е уште поважно дека постои барање до Уставниот суд да се преиспитаат новодонесените измени на истиот закон особено во делот на луѓето кои не вршат јавна функција и тие да се лустрираат.“

Процесот на лустрација е битен од аспект на расчистување со минатото, вели политикологот Владимир Мисев.

„Она што е уште поважно е лустрацијата не смее да се претвори во одмазда за она што се случувало во минатото. Во таа ситуација оние кои биле жртви на минатиот систем стануваат жртви на овој систем со
Комисијата неколку пати покажа дека не е конзистентна во она што го покажува како став во јавноста и во таа насока ќе кажам дека можеби треба да се направи една кратка пауза, едно преиспитување.

отворањето на нивните досиеја.“

Со лустрацијата треба да се опфатат поранешните, но и актуелните функционери, смета Мисев.

„Многу повеќе актуелните, затоа што нивните одлуки имаат многу поголемо влијание врз нашите секојдневни животи отколку оние коишто биле функционери во минатото. Иако, не смее да се заборави дека и минатите функционери биде дел од јавниот живот и се креатори на процесот на јавно мислење.“

Процесот треба да се спроведе до крај, вели Мисев.

„Комисијата неколку пати покажа дека не е конзистентна во она што го покажува како став во јавноста и во таа насока ќе кажам дека можеби треба да се направи една кратка пауза, едно преиспитување.“

Инаку, Комисијата за верификување на фактите информира дека 4.695 поранешни функционери не доставиле изјави до лустраторите, а со одлуката донесена на денешната седница, нивните досиеја треба да ги обезбедат институциите.
XS
SM
MD
LG