Достапни линкови

Ароганција на власта


Според експертите, власта е глува на сите критики и поинакви мислења. Тие предупредуваат дека тоа обично се враќа како бумеранг.

Откако вчера за член на Советот за радиодифузијабеше избран Зоран Трајчески, кандидат предложен од Претседателот на државата, пратениците денеска ќе гласаат за изборот на Селвер Ајдини. Очекувано, опозицијата и власта ги спротиставија своите аргументи околку изборот на предложените кандидати за членови. Опозицијата обвинува за партизација на овој орган, додека власта уверува дека се работи за исклучително професионални и стручни кадри. Еве краток пресек од вчерашната собраниска расправа.
Кога сте на власт мислите дека се можете да правите и покажувате арогантност кон секој друг што ја нема власта. Тоа е недозволиво однесување и покажува дека по 20 години независност прв пат е загрозена и демократијата.

„Се прашувам како се чувствува претседателот бидејќи неговиот предлог очигледно е најголемиот партиски тешкаш во целата оваа листа“, рече Маринела Тушева од СДСМ.

„И затоа што го нарекувате претседателот на државата послушник на ВМРО-ДПМНЕ, или нас како пратеници не не вреѓате. Јас лично се гордеам што сум послушник на Никола Груевски“, рече Бети Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може да се држи народот во Република Македонија во розова слика на големиот ТВ екран којшто го контролира големиот брат“, рече Цветанка Иванова од СДСМ.

„Доколку говориме за наводниот обид на Владата да го задуши правото на граѓаните на слободно информирање јас само би укажал на фактот дека оваа Влада е одговорна за неколкукратно зголемување на пенетрацијата на Интернет“, реплицираше Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.



Но и покрај гласните критики на опозицијата и на претставници на Меѓународната заедница, власта остана доследна во својата одлука да го смени законот за радиодизфузија и да го прошири советот со уште шест нови членови. Ваквото однесување на власта, политикологот Здравко Савески го нарекува ароганција на моќта. Предупредува дека тоа ја доведува во прашање демократијата на една земја.
Ова се враќа како реакција бумеранг и може да предизвика незадоволство кое може да избувне до немири и дестабилизација.

„Кога сте на власт, мислите дека се можете да правите и покажувате арогантност кон секој друг што ја нема власта. Тоа е недозволиво однесување и покажува дека по 20 години независност прв пат е загрозена и демократијата.“

И за долгогодишниот пратеник Исмет Рамадани ваквото однесување на власта е неприфатливо. Но, да се остане глув на сите препораки, на критиките и поразличнте мислења од надвор е нешто што пак може да предизвика бумеранг ефект, предупредува Рамадани.

„Ова се враќа како реакција бумеранг и може да предизвика незадоволство кое може да избувне до немири и дестабилизација.“

Предлог на претседателот Иванов е и Селвер Ајдини. ЗЕЛС ги предложи Лазо Петрушевски и Замир Мехмети. Антикорупциска предлага член на СРД да стане Методија Јанчевски, а предлогот на Комисијата за заштита на конкуренцијата е Методи Стојменоски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG