Достапни линкови

Намален бројот на кражби во прилепско


Во прилепскиот регион е регистран пад на кражбите, иако традиционално во овој период од годината кога граѓаните се на одмор, разбојништвата знаат да бидат чести.

Летниот период, најчесто поради отсуството на граѓаните од домовите, кога одат на одмор, а и поради интензивната земјоделска активност по нивите, вообичаено бил период кога сторителите на кривични дела често провалуваат во куќите. Но, според информациите од Секторот за
Последниве неколку месеци забележлив е драстичен пад на случени односно сторени кривични дела од областа на имотните деликти, главно кражби и тешки кражби.

внатрешни работи во Битола, тоа не е случај и ова лето. Крадците не оперираат во Прилеп како порано.

„Последниве неколку месеци забележлив е драстичен пад на случени односно сторени кривични дела од областа на имотните деликти, главно кражби и тешки кражби предвидени и казниви по членовите 235 и 236 од Кривичниот законик на Република Македонија. Значи таа бројка на сторени кривични дела од оваа област е значително помала и во однос на претходниот период и во однос на истите периоди од изминатата и предминатите години“, изјави м-р Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР-Битола.

Тој додава дека причините за оваа состојба лежат во зголемата активност на полицијата и се поголемата соработка со агенциите за обезбедување.

Лупчо Кафеџиоски, сопственик на Агенција за обезбедување

„Па секакво постапување во насока на зачувување на јавниот ред и мир, во зачувување на безбедноста во сообраќајот, а вклучително и зачувување на безбедноста од аспект на спречување во вршење на кривични дела, како што е случајот од областа на имотните деликти. Значи работењето на полицијата, нашето постојано присуство на теренот, како и присуството во објектите на лицата кои што се задолжени за обезбедување на тие објекти“, потенцира портпаролот Стрезовски.

И од агенциите за обезбедување потврдуваат и посочуваат на големата соработка со полицијата, но и се поголемата потреба на граѓаните за своја безбедност да ангажираат стручни лица.

„Во моментов имаме голем интерес, каде што имаме доста побарувања од техничката заштита, а интересно е и физичкото обезбедување на објектите“, истакнува Лупчо Кафеџиоски, сопственик на Агенцијата за обезбедување „Секјурити МК“.
Значи работењето на полицијата, нашето постојано присуство на теренот, како и присуството во објектите на лицата кои што се задолжени за обезбедување на тие објекти.

Тој додава дека по примената на законската регулатива со која секоја институција има обврска да ангажира лице чувар на објектот, интересот на фирмите е уште поголем од порано, а ефектите се видливи, зашто се избегнуваат несакани конфликти со странки, а од друга страна со ангажирање на професионални чувари, кои имаат соодветна едукација за таа работа, бројот на кражбите е сведен на минимум.

„Разликата е што склучувањето на договор со правниот субјект кој што е надлежен да ја врши таа дејност има и одговорност, ако се случи девијација во објектот, ако се случи нешто лошо во објектот, би го обештетиле објектот“, акцентира Кафеџиоски.

Тој истакнува дека неретко се случува граѓаните да ги бараат професионалните услуги за обезбедување и со патролна служба и тогаш кога се дома. Оние граѓани, пак, кои што ги користат овие услуги не сакаат јавно да зборуваат, зашто сметаат дека деловните односи со висок степен на дискреција, всушност ги даваат бараните резултатите. Па, крадците кои некогаш царуваа, денеска го заобиколуваат Прилеп.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG