Достапни линкови

Уште многу работа до прогрес


Македонско и ЕУ знаме
Македонско и ЕУ знаме

Судејќи според изјавите на претставниците на ЕУ, Македонија има уште многу работа во поглед на домашните реформи. Премиерот Груевски, пак, задоволен од прогресот.

Во однос на процесот на евроинтеграцијата премиерот Груевски вчера
Тоа гледам дека го чувствуваат и луѓето во Брисел, во комуникацијата со нив, кога доаѓаат тука ни укажуваат дека гледаат сериозен прогрес и укажуваат нормално на она што се уште не е завршено.
кажа дека е постигнат сериозен прогрес и оти очекува позитивен извештај од Европската комисија. Според неговите зборови нештата што беа предвидени со програмата и зацртаниот акционен план што произлезе од претходниот извештај се отидени напред:

„Тоа гледам дека го чувствуваат и луѓето во Брисел, во комуникацијата со нив, кога доаѓаат тука ни укажуваат дека гледаат сериозен прогрес и укажуваат нормално на она што се уште не е завршено и треба да се заврши, меѓутоа мислам дека има голем прогрес“, рече Груевски.

Премиерот Груевски задоволен од постигнатиот прогрес на патот кон ЕУ

Судејќи според изјавите на претставниците на ЕУ, Македонија има уште многу работа во поглед на домашните реформи. Исто така кога се зборува за медиумите неодамна беше објавен извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и од Советот на Европа во кој беше забележано дека медиумите се поларизирани, дека се под влијание на одредени политички партии и на сопственици на медиумите. Според изјавите на претходниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, една од клучните забелешки што тој ја
Изминативе неколку години бевме сведоци на неконзистентност, тоа го наведува и самата Комисија, дека реформскиот процес продолжува, но дека темпото е непостојано.
кажа на заминување пред шест месеци беше дека темпото на реформите е непостојано.

„Вистина е дека изминативе неколку години бевме сведоци на неконзистентност, тоа го наведува и самата Комисија, дека реформскиот процес продолжува, но дека темпото е непостојано. Тоа што сега е потребно е државата да се придвижи напред на конзистентен начин и вистински да се осврне на сите недостатоци и да помогне на владата да биде подготвена за кога ќе почнат преговорите.“

Но, амбасадорите упатуваат критики и укажуваат на потребата од сериозни реформи во одредени области

Слабости и поодговорно политичко лидерство констатираше и амбасадорката на Холандија во Македонија Симоне Филипини.

„Ако ги гледаме извештаите од 2009 и 2010 година на Европската комисија, да, има работа кои треба да се имплементираат во клучни области, како судството, некои прашања поврзани со човековите права, антидискриминацијата, реформите во јавната администрација, полицијата, затворите... И Комисијата оценува дека Македонија се уште е на пат кон пристапните преговори“, изјави Филипини.
Ако ги гледаме извештаите од 2009 и 2010 година на Европската Комисија, да, има работа кои треба да се имплементираат во клучни области.

Претседателката на собраниската комисија и вицепремиер за евроинтеграции Теута Арифи деновиве, пак, посочи дека на неодамнешната средба со директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ таа добила листа на краткорочни цели кои земјата треба да ги исполни на патот кон Унијата. Иако констатираше напредок во одредени области, високиот претставник на Европската унија, Стефано Санино, при својата последна посета на земјава беше прецизен, дека области каде што треба да се постигне напредок се јавната администрација, правосудството, слободата на говорот, справувањето со корупцијата и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG