Достапни линкови

Ваши коментари


Темите по повод јубилејот на Охридскиот рамковен договор со бројни коментари од нашите слушатели.

Според испратените коментари, се чини, доста ви е од темите за Охридскиот рамковен договор, кои, меѓутоа, беа неизбежни поради 10-годишнината од неговото потпишување, кога, разбирливо, се прави ретроспектива и се разгледуваат резултатите и учинокот од него во македонското општество.

Мичо од Скопје пишува дека, според него, сме „отекле“ со темите за Рамковниот, а слушател потпишан со прашање, „Зошто не сум изненаден“ од градот „Меѓународна“ смета дека, како што вели, „џелатите се вратија на местото на злосторот за да си ја дозавршат работата и повторно го испоганија Охрид“. Според овој слушател, тие се
заколнале дека ќе се потрудат да ги натерале Македонците да го променат името на нивната единствена држава и да се самоукинеле заради благосостојбата на Албанците во Македонија и интересите на
Џелатите се вратија на местото на злосторот за да си ја дозавршат работата и повторно го испоганија Охрид.
самонаречената „меѓународна заедница“.

За разлика, пак, од овие коментари, на нашата анкета со прашањето „Како го оценувате Рамковниот договор по 10 години?“, резултатите, барем за сега, се поразлични: за позитивен го сметаат 45 отсто од оние што гласале, а за негативен - 30 отсто. Дали тие што сметаат дека Охридскиот договор позитивно влијаел на состојбите во државава не се расположени да пишуваат коментари, туку им е полесно само да кликнат, не знам.

На неделното интервју на Радио Слободна Европа на македонски јазик, со извршната директорка на Американската стопанска комора, Соња Мек Грук, која смета дека случувањата во САД како и во еврозоната немаат некои поголеми ефекти врз македонското стопанство, има пристигнато само една, така да речам, малку отровна порака од редовниот Владимир Петровски, кој извикува: „Добро утро, госпоѓо! Зарем не сфативте дека
Видов мртво куче на Вардар. Во Вардар и рибите се фаќаат за јадица за да се спасат од водата. Будалаштина!
Фиром нема економија?“, а коментарот е зачинет дури со пет прашалници.

И како за крај, има два коментара во нашиот Хајд парк, кои заслужуваат да ги споделам со вас. Се сеќавате, прашањето беше дали градските плажи во Скопје можат да бидат замена за море, а слушател со потпис „Вардар“ пишува: „Видов мртво куче на Вардар. Во Вардар и рибите се фаќаат за јадица за да се спасат од водата. Будалаштина!“ Вториот коментар е уште поубав: Пеце од Берово пишува: „Абе, напрајте една нудистичка!“ Само толку.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG