Достапни линкови

Десет години од Карпалак


Споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.
Споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Одбележана десетгодишнината од загинувањето на десеттемина македонски бранители кај Карпалак.

Прилепските бранители, учесници во воениот конфликт, немаат изграден став во врска со усвојувањето на Законот за амнестија на припадниците на поранешна ОНА од четирите хашки случаи. Со доза на воздржаност претставници на дел здруженија велат дека не сакаат актуелните
Ставот, коментарот наш ќе изостане, затоа што се уште здружението „Карпалак“ и Здружението на резервни воени обврзници се немаме состанато за да донесе заеднички став во кој правец ќе се одвива. Меѓутоа се она што е во интерес на бранителите ќе го поддржиме.

политички одлуки, да ги стават во сенка чествувањата по повод 10 годишнината од трагичната смрт на 10-те мина прилепски бранители кои на 8-ми август загинаа кај месноста Карпалак.

„Ставот, коментарот наш ќе изостане, затоа што се уште здружението „Карпалак“ и Здружението на резервни воени обврзници се немаме состанато за да донесе заеднички став во кој правец ќе се одвива. Меѓутоа се она што е во интерес на бранителите ќе го поддржиме“, изјави Ацо Јованоски, возач на изгорениот автобус на Карпалак, во кобниот миг кога беше нападнат конвојот на резервистите од припадниците на ОНА.

Од друга страна, бранителите тврдат дека и натаму Ќе ја продолжат институционалната битка за да добијат статус на борци, зашто тие немаат дилема, на Македонија и се случи војна, а не воен конфликт.

Ацо Јованоски, бранител од Прилеп

„Не може тоа да биде конфликт или учесници во конфликт или како што пишуваше во воените буквици, воена вежба. Конфликт се знае што е. Каде што се гине, каде што се пука, каде што се убива, каде што се уништуваат живи цели и објекти, тоа не може да биде конфликт, тоа е војна.“

Потенцира Јованоски и додава дека прилепските бранители ќе продолжат со барањата за остварување на поголеми права за здравствена заштита и решавање на социјалните проблеми, со кои се соочуваат голем број од учесниците во конфликтот.
Со самото барање, сега што сме во преговори со Владата, да ги оствариме правата во здравството, школството, кредитирањето на бранителите за самовработување и самовработувањето и што е можно повеќе да се вработат од нашите бранителите во јавните и приватни фирми.

„Со самото барање, сега што сме во преговори со Владата, да ги оствариме правата во здравството, школството, кредитирањето на бранителите за самовработување и самовработувањето и што е можно повеќе да се вработат од нашите бранителите во јавните и приватни фирми“, вели Јованоски.

Инаку, во изминататите 10 години од убиството кај Карпалак, семејствата на загинатите бранители се речиси целосно социјално згрижени. А, сите бранители се задоволни бидејќи годинава во спомен и чест на херојското дело на загинатите резервисти во центарот на Прилеп е поставен споменик Карпалак.

Симболично, 10-те челични краци кои завршуваат со една црвена светлечка топка, според архитектите ги означуваат прекинатите животи на хероите и вечниот спомен за нивното дело. Во непосредна близина на споменикот, се наоѓа и спомен плоча на која се испишани имињата на загинатите. Во касарната „Мирче Ацев“, пак, од каде што тргна конвојот е ставен друг споменик и отворена е спомен соба. На сите овие споменични обележја и на годинешното чествување беа положени венци и свежи цвеќиња од бројни делегации од Владата, АРМ, Општината, семејствата, резервистите и граѓани.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG