Достапни линкови

Дневен печат


Прославата на Илинден, кадровските промени во ВМРО-ДПМНЕ, уривањето на „Космос“, згаснувањето на А1 - дел од темите во дневните весници.

Понекогаш, почитувани, имам дилема со која тема што во изминатата недела доминирала во медиумите да го почнам прегледот на нивното пишување: не знае човек што да избере - дали прославата на националниот Илинден, дали кадровските промени во највисокото политичко тело на владејачката партија, дали, пак, новата претстава за широките народни маси наречена „Уривање на објектот во изградба
Дневник насловува: „И на Илинден со политички поделби“.

’Космос‘ на сватот на Рамковски, Фијат Цаноски“, како и продолжувањето на онаа за конечното затворање на А1 Телевизија. Знаете ли зошто? Додека за едни редакции е најважна прославата на 2 Август, кај други - речиси само технички текстови без збор за деталите, за едни промените во партискиот тим се предизвик за анализа, кај други - повторно само технички вести за тоа.

Вечер, на пример, прави историски потсетник на тоа што се случило на Илинден 1944 и 1903, според протоколот набројувајќи кој функционер каде зборувал, па тешко може да се дознае дека, на пример, Владата ќе гради споменик на Президиумот на АСНОМ и за тоа дека премиерот Груевски во говорот на Пелинце ја истакнал улогата на партизаните, но го оценил како срамен комунистичкиот режим, кој бил неправеден спрема својот народ, како што објавува Утрински.

И фаланга и комити покрај спикерот Вељаноски на Илинден во Крушево.

Дневник насловува: „И на Илинден со политички поделби“, забележувајќи дека мал број Македонци го прославија празникот во Крушево, дел од нив свиркајќи им на опозиционите, а дел аплаудирајќи им на владејачките политичари.

За Нова Македонија е важно тоа што „Питата за Груевски ја изедоа новинарите“, осврнувајќи се на тоа што за време на говорот на премиерот на Пелинце, присутните биле повеќе заинтересирани за бесплатните трпези со закуски и пијачки, отколку за тоа што зборува тој.
Дневник пишува дека обвинувањата и прозивките за А1 се на високи фреквенции, а Нова Македонија дека А1 згасна, но двете најголеми партии продолжија да се напаѓаат.

Откако телевизијата на Рамковски престана да емитува програма, Дневник пишува дека обвинувањата и прозивките за А1 се на високи фреквенции, а Нова Македонија дека А1 згасна, но двете најголеми партии продолжија да се напаѓаат.

„Време на разделби на политичката сцена“, ги става под заеднички наслов Утрински двата текста; едниот во кој прашува дали ДУИ му откажува љубов на СДСМ со тоа што пак се испазари со ВМРО-ДПМНЕ за да остане во власта, а вториот за тоа дека проветрувањето во највисокото тело на владејачката партија издувало и крупни фигури, колку до вчера луѓе од доверба на Груевски, како Мартин Протогер или Влатко Ѓорчев, на пример.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG