Достапни линкови

Ваши коментари


Бројни коментари од нашите слушатели за тоа дали градските плажи можат да бидат замена за одмор, но и за прилогот за одземањето на фревенцијата на А1 ТВ.

Изборите се зад нас речиси два месеци, а нашите граѓани се уште партиски поделени, се чини, не можат да ги заборават политиката, партите, но и сиромаштијата. Дали Градските плажи можат на граѓаните да им бидат замена за одмор на море? - е нашето ново прашање во Хајд паркот, а во коментарите се гледаат токму овие нешта.

Каква замена за одмор? - прашува во својот коментар Мики од Скопје па продолжува: „За сиромашните ли? Па ние гледаме како да извадиме некој денар за да преживееме, а не да се излежуваме на лежалките. А за да одиш на Градска плажа треба нешто да се напиеш, да им правиш промет на газдите на плажите. Значи, не знам за кого се градските плажи, или пак видел Коце некаде низ светот, па ај, и во Скопје. Видела жабата коњот се потковува па и таа дигнала нога!“.

Изгледа на Мики му одговара редовниот Владимир Петровски, но, мислам, со иронија: „Ако си вмровец, зашто на маките се познаваат јунаците: вмровците заедно ја делат маката - горештината со коалиционите партнери Роми на Градска плажа, со исклучок на неколку директори-функционери што ги видов на Лефкада, во Грција“.

Слушател потпишан со ЦД од Канада коментира: „Лошо е да немате! Ме изнасмеавте!“.

Дали градските плажи на граѓаните можат да им бидат замена за одмор на море? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Градски плажи
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:53 0:00


Многу повеќе коментари сте испратиле, почитувани, на нашиот текст за престанувањето на емитување програма на А1 ТВ, откако Агенцијата за електронски комуникации, без одлука на Советот за радиодифузија и ја одзеде фреквенцијата на телевизијата.

Горан веднаш направил реципроцитет, како што коментира и вели, од меморијата на телевизорот ги избришав Канал 5 и Сител. Ивко смета дека во Македонија веќе не постои телевизија за гледање и по овој незаконски акт на Агенцијата се исклучил и од кабелска ТВ. На интернет, вели, сепак ќе најдам објективно известување за состојбата во ова наша тажна држава.

Ратко коментира дека за стечајот на А1 најголеми виновници биле СДСМ и Црвенковски кои не му го платиле долгот за емитување спотови во предизборната кампања, со кои пари телевизијата би си го платила долгувањето, а нему веднаш со прашање му одговара Петко од Куманово: „Абе, Ратко, ти си бил македонски Ајншајн, од Сител ли ја слушна таа приказна?“.

Петар Пан од Неврленд прашува дали сега, кога ја нема А1 слободно ќе може да се смени името без да кажат на граѓаните - „или веќе го смениле?“ - прашува Петар Пан.

Драган има само едно прашање: дали неплаќањето данок во ЕУ е криминал или не? А, и Мирко има само едно прашање: „Грујо нагалено да не го викаат Енвер Хоџа? Имаат многу сличности“ - коментира Мирко.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG