Достапни линкови

Уапсен Горан Хаџиќ


Горан Хаџиќ, обвинет за воени злосторства од Хашкиот трибунал, е уапсен денеска во реонот на Фрушка Гора во Србија. Ова денеска на прес конференција во Белград го соопшти српскиот претседател Борис Тадиќ.

"Сметам дека соработката со Хашкиот трибунал беше голем проблем во државната политика на Србија во сите претходни години. По формирањето на овој актуелен Совет за национална безбедност, пред три години, уапсени се Радован Караџиќ, Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ".

Изјави Тадиќ, демантирајки ги информациите дека српските служби долги години знаеле каде се кријат клучните обвинети воени злосторници.
Горан Хаџиќ беше клучна фигура во војната во Хрватска во 90-тите години, односно во тогашната Српска Краина во Хрватска. Хаџиќ е обвинет за убиство на стотици хрвати и за депортација на илјадници луѓе. По апсењето на Ратко Младиќ, Горан Хаџиќ беше последниот крупен воен злосторник кој сеуште не беше пронајден. Европската Унија и вети прогрес на Србија на патот кон интеграцијата во Унијата доколку ги упаси Младиќ и Хаџиќ.

XS
SM
MD
LG