Достапни линкови

Владата до недела?


Според најавите, официјално имињата на новите министри со доставување предлог за состав на новата влада од Груевски, ќе бидат познати до недела
Според најавите, официјално имињата на новите министри со доставување предлог за состав на новата влада од Груевски, ќе бидат познати до недела

Додека Собранието расправа за договорените „коалициски“ закони, лидерите на владината коалиција ги допрецизираат имињата на новите министри.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, синоќа пред партиските органи требаше да ги претстават кадровските решенија на идната влада и политичкиот договор што во преговорите за новата власт ги постигнаа двајцата лидери. По ова, како што се шпекулира во јавноста, во текот на денот или најдоцна до утре треба да
биде доставен договорот постигнат меѓу коалициските партнери за новиот владин кабинет до Собранието, а заедно со тоа и владината програма. Според најавите, официјално имињата на новите министри со доставување предлог за состав на новата влада од Груевски ќе бидат
Прв човек на економијата ќе биде Валон Сарачини кој по професија е економист, а досега не беше познат во политичкиот живот.
познати до недела кога е крајниот рок. Најдоцна две недели по ова треба да има гласање за новиот владин кабинет и владината програма.

Партиски извори од ДУИ денеска информираа дека веќе решиле и кој ќе биде министер за економија со што веќе се договорени сите министерски позиции во оваа партија. Прв човек на економијата ќе биде Валон Сарачини кој по професија е економист, а досега не беше познат во политичкиот живот.

ВМРО-ДПМНЕ останува денеска да ги пополни Минстерствата за образование, здравство, транспорт и врски и надворешана политика. Од старата влада во новата, според неофицијалните инфорамции, остануваат вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, како и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Али Ахмети на предизборен митинг на ДУИ.

Партиски извори од ДУИ вчера неофицијално објавија дека на чело на одбраната ќе биде Фатмир Бесими кој на оваа функција доаѓа од ресорот економија. На местото на министерот за правда, Михајло Маневски, сега ќе седне Блерим Беџети, кој претходно беше градоначалник на Сарај. Со локалната самоуправа ќе раководи Невзат Бејта, поранешен градоначалник на Гостивар, а со екологија Абдулаќим Адеми. Вицепремиер за Рамковниот договор е Муса Џафери, кој досега беше министер за локална самоуправа, а за евроинтеграции е Теута Арифи.

Во ситуација кога полека истекува рокот за објавување на составот новиот владин кабинет во Собранието денеска продолжува расправата што почна вчера за неколку закони кои се дел од коалицискиот договор. На дневен ред се законите за јазикот и за знамето, кои во собраниска процедура ги доставила парламентарната група на ДУИ. Тие претствуваат две од петте барања на ДУИ кои Груевски ги прифатил.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG