Достапни линкови

Крајни рокови за објавување на владата


Преговарачките тимови на Груевски и Ахмети се приближуваат кон крајниот рок за да го објават новиот владин кабинет. Главно обележје на преговорите е тајноста.

Новиот владин кабинет и платформата можно е да бидат објавени утре, наведуваат партиски извори. Во текот на денот има најави дека ќе има консултации во рамки на коалицијата околу решенијата. Она што досега ги одолговлекуваше преговорите е инсистирањата на ДУИ околу
Верувам дека и ако се оддолжи до петок токму овие управи или евентуално јавни претпријатија и нивните распределби се причината зошто целиот процес се одолговлекува.
министерското место во одбрана и отфрлањата на ВМРО-ДПМНЕ да отстапи од функции во ДБК или во Бирото за јавна безбедност. Крајот на неделата е крајниот рок кога треба да биде познат третиот владин тим на Груевски.

Според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, преговарачките тимови на Никола Груевски и Али Ахмети настојуваат до тогаш да издејствуваат подобри позиции во поважните директорски места и тие според него може да траат до петок:

Крајот на неделата е крајниот рок за објавување на новиот состав на владата

„Верувам дека и ако се оддолжи до петок токму овие управи или евентуално јавни претпријатија и нивните распределби се причината зошто целиот процес се одолговлекува. Мислам дека владината структура веќе се знае, кадровските решенија ги знаат лидерите, а за министерските места веќе е општо познато како ги распределиле.“

Ниту еден од лидерите на двете политички партии не излегле со барање на кое реагирал другиот дека не е прифатливо. Главно обележје на преговорите е тајност. Владимир Мисев од Институтот за демокртија и граѓанско општество вели дека битно е дека и внатре во самите партии има нови структури:

„Очекувам дека прво поделбата на министерствата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и другите коалициони партнери нема да биде иста, меѓутоа и внатре во своите табори, во рамките на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема сите министри да ги задржат истите функции.“
Очекувам дека прво поделбата на министерствата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и другите коалициони партнери нема да биде иста, меѓутоа и внатре во своите табори, во рамките на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ нема сите министри да ги задржат истите функции.

Како проблематични точки меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се посочува и неизвесноста дали хашките предмети, статусот на припадниците на поранешната ОНА и употребата на симболите и јазикот ќе бидат дел од новата платформа. Преговорите на почетокот беа одбелжени со оптимизам дека првпат двете партии ќе имаат зедничка усогласена платформа. ДУИ исто така инсистира да биде на чело на безбедносниот ресор. МВР пак ќе остане во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Ова според Мисев има повеќе симболично значење за ДУИ, но и прагаматично од аспект на ветувањата пред нивното членство дека партијата се залага за побрз прием на земјава во евроатланските структури:

„Министерството за одбрана е еден од главните столбови на таа интеграција.“

Останува прашњето за решавање на спорот со името. Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ имаат ексклузувитет за тоа прашање во рамки на владејачкото мнозинство. И додека преговарачките тимови на Груевски и Ахмети се приближуваат кон крајниот рок за да го објават новиот владин кабинет, од друга страна со изборот на тројца потпретседатели и претседатели на комисииите продолжува работата на Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата минатата недела на седница ги утврди предлозите Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и Сузана Салиу од ДУИ да бидат тројцата потпретседатели на Собранието.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG