Достапни линкови

Општините неподготвени за државното земјиште


Општините неподготвени за продажба на државното земјиште. Немаат доволно обучен кадар кој може да работи на оваа проблематика.

Иако требаше од први јули, повеќето општини во земјава ќе ја почекаат есента пред да почнат да управуваат со државното земјиште. Најголемиот дел од единиците на локалната самоуправа не ги исполнуваат условите за да можат да ги продаваат државните парцели. Единствениот услов кој го поседуваат сите општини е електронскиот систем за јавно наддавање, но во повеќето од нив нема доволно обучен кадар кој може да работи на
Прво да има доволен број на луѓе во администрацијата, во општината кои што ќе го положат испитот за да може да бидат во комисија за продажба на градежно земјиште. Општина Велес има луѓе и повеќе од доволно.

оваа проблематика.

„Прво да има доволен број на луѓе во администрацијата, во општината кои што ќе го положат испитот за да може да бидат во комисија за продажба на градежно земјиште. Општина Велес има луѓе и повеќе од доволно коишто го положија тој испит“, вели градоначалникот на Велес, Горан Петров.

Но, не е само недостигот од соодветен кадар во администрацијата проблем, се жали градоначалникот на Арачиново, Басри Бајрами. Тој укажува дека во неговата општина дел од земјиштето е под концесија и до 30 години и се додека не истече договорот на моменталните сопственици, општината не смее да го преземе управувањето.

„Немаме механизам како тоа ќе го вратиме назад, бидејќи тие имаат договори и тоа е голем проблем.“

И Кичево најавува отпочнување на овој процес од септември. Првиот
Имаме бенефиции од тоа што ќе се продава земјиштето и од тоа што општините веќе тука ќе можат да имаат некоја „инфузија“.

човек на оваа општина, Благоја Деспотовски вели дека подготовките се при крај.

„Јас испратив тројца, но од нив двајца не беа државни службеници затоа што ги примив неколку месеци пред тоа. Токму нив сакам да ги обучам затоа што сепак со млади, учени луѓе може многу подобро да се спроведат законските регулативи.“

За општините ваквиот процес ќе донесе многу поволности. Најмногу од се, тоа е слободата тие директно да ги продаваат парцелите, а не како досега преку министерството за транспорт и врски. Тоа меѓудругото ќе значи можност за нови инвестиции, како и дополнителни приходи во општинските каси.

„Имаме право да донесеме надворешни инвеститори бидејќи имаме тука индустриска зона. Имаме бенефиции од тоа што ќе се продава земјиштето и од тоа што општините веќе тука ќе можат да имаат некоја „инфузија“, изјави Бајрами.
Придобивки во сферата на приходите, подобро стопанисување, побрзо решавање на многу проблеми коишто одеа преку Министерството.

„Придобивки во сферата на приходите, подобро стопанисување, побрзо решавање на многу проблеми коишто одеа преку Министерството“, вели Деспотовски.

Неодамна, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека процесот на префрлување на земјиштето ќе трае со години. Во меѓувреме, владата нема да престане самата да го продава земјиштето.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG