Достапни линкови

Обама најави постепено повлекување од Авганистан


Претседателот Барак Обама најави почеток на, како што изјави, напорите за завршување на десетгодишното американско инволвирање во војната во Авганистан. Во наредниве 18 месеци од таа земја ќе биде повлечена една третина од американските сили. Најавата доаѓа во време кога Белата куќа е под голем притисок да се фокусира врз домашните проблеми, но и во време кога анктетите покажуваат дека само половина од Aмериканците го поддржуваат Обама како раководи со војната.

Наведувајќи дека плимата на војната се повлекува и оти Aмериканците ги остваруваат целите против талибанците и Ал Каеда во Авганистан, претседателот Барак Обама најави дека ќе повлече 10 илјади американски војници до крајот на годинава и уште 23 илјади догодина.

Со тоа, бројот на американските сили во таа земја кој сега изнесува 100 илјади ќе биде намален за околу 30 насто. Другите земји во Авганистан заедно имаат 40 илјади војници.


„Ова е почеток, но не и крај на американските напори да ја заврши оваа војна“, изјави Обама во обраќањето кое од Белата куќа директно беше пренесувано на телевизијата. Според него, и натаму остануваат огромни предизвици.

„Авганистанските безбедносни сили пораснаа на над 100 илјади и во некои провинции и општини ја почнавме транзицијата на одговорноста на авганистанците кои сега се борат за нивната земја, формираат своја полиција, отвораат пазари и училишта и креираат нови можности за жените и девојчињата. Тие се обидуваат да ја свртат страницата на децениските војни во нивната земја“, изјави Обама.
Во изминатава декада, потрошивме трилион долари на војни и тоа кога имаме зголемување на долговите и се наоѓаме во тешки економски времиња. Сега мора да инвестираме во најголемиот американски извор; нашиот народ. Мораме да ослободиме иновации што ќе креираат нови работни места.


Тој е под интензивен притисок дома да го доведе до крај крвопролевањето на американските војници во најдолгата американска војна досега.

На самитот на НАТО минатата година во Лисабон, Соединетите Држави и сојузниците се согласија да ја завршат војната во Авганистан до 2014 година. Но скоро никој, барем што се однесува до американската јавност, не верува дека Авганистан може во наредните три години колку што остануваат од мисијата, да се трансформира во целосно безбедна земја.

Корупцијата останува главна болка на владата на претседателот Хамид Карзаи, а бројот на цивилните жртви за што одговорност сносат талибанците, минатата година беше на највисоко ниво од почетокот на војната. Според планот, 33 илјади војници ќе бидат дома кога Американците во ноември догодина ќе излезат на претседателските избори.

Синоќешната најава која доаѓа во момент на интензивирање на кампањата на Обама за негов реизбор, ќе му овозможи да ја користи во обраќањата пред избирачите.

Обама објави кратење на трупите на САД во Авганистан
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:41 0:00


„Во изминатава декада, потрошивме билион долари на војни и тоа кога имаме зголемување на долговите и се наоѓаме во тешки економски времиња. Сега мора да инвестираме во најголемиот американски извор, нашиот народ. Мораме да ослободиме иновации што ќе креираат нови работни места. Мора да је обновиме инфраструктурата и да најдеме нови почисти видови енергија.“

Планот за повлекување, според некои извори во Белата куќа, не бил поддржан од главниот американски командант во Авганистан, генерал Дејвид Петреус, кој заминува од таа функција за да стане директор на ЦИА. Имено, како што се додава, тој бил за поумерено и побавно повлекување за да се зачува постигнатото во таа земја.

Одлуката на Обама беше поддржана од секретарот за одбрана Роберт Гејтс и од генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, кои оценија дека станува збор за логичен потег во напредокот против милитантите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG