Достапни линкови

(Не)етички градоначалници?


Некои градоначалници и на овие избори беа на пратеничките листи, а потоа се откажуваат од мандатите.

И на овие парламентарни избори, не изостанаа градоначалничките имиња на кандидатските листи на партиите. Иако е јасно дека, по изборите, истите ќе се повлечат од пратеничката функција и ќе ја извршуваат улогата на градски татко. Дали ваквиот чин е етички, го прашавме градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој беше на

Граѓаните гласаат за програма, а не за личности. Личностите се само дел од политичката кампања. Ние како партија понудивме политички манифест во кој имаме конкретни проекти за Република Македоника и општина Прилеп и граѓаните гласаа токму за таа програма
и проекти.

кандидатската листа на коалицијата За подобра Македонија, во четвртата изборна единица. Тој смета дека не се работи за никаква измама на граѓаните, оти тие гласале за програма, а не за личности.

„Граѓаните гласаат за програма, а не за личности. Личностите се само дел од политичката кампања. Ние како партија понудивме политички манифест во кој имаме конкретни проекти за Република Македоника и општина Прилеп и граѓаните гласаа токму за таа програма и проекти“, изјави Ристески.

Тој вчера се откажа од пратеничкиот мандат и продолжи да ја извршува функцијата градоначалник на Прилеп. Домашните експерти, пак, укажуваат на неетичноста на ваквиот чин. Се работи за манипулација со граѓаните, зашто тие гласаат за одредена личност, бидејќи сакаат таа да ги застапува нивните интереси во парламентот, а по изборите истата се повлекува и го отстапува местото на друг, вели универзитетскиот професор Јонус Абдулау.

Австралискиот парламентарец Лук Симпкинс и прилепскиот градоначалник Маријан Ристески на средба во Прилеп на 18 април 2011. Ристески избори пратенички мандат, но реши да остане во градоначалничката фотелја.

„Нема потреба за законско регулирање, туку за етичко однесување на сите тие избрани луѓе. Тие се избрани и добиле мандат за општинските проблеми и прашања.“

Според Абдулау, ако некој решил да биде градоначалник, нема што да прави на пратеничка листа. Ако, пак, веќе го добил пратеничкиот мандат, не треба да се откаже од истиот. Зошто тогаш партиите ги ставаат тие имиња на своите кандидатски листи? Еве што вели Абдулау:

Тие се послушни играчи и партиите можат да ги стават каде што е потребно. Можат да ги повлечат пак во моментот кога ќе биде потребно и тоа е основната приказна што впрочем е и јавна тајна.


„Тие се послушни играчи и партиите можат да ги стават каде што е потребно. Можат да ги повлечат пак во моментот кога ќе биде потребно и тоа е основната приказна што впрочем е и јавна тајна.“

Во предизборниот период, во јавноста имаше забелешки за активното вклучување на првите луѓе на општините во изборната кампања, што пак го наметна прашањето за можните злоупотреби од страна на локалната самоправа во изборната кампања на централната власт.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG