Достапни линкови

Мониторинг на кампањата


Предизборен митинг
Предизборен митинг

Силно поларизиран политички амбиент, притисоци врз ДИК, потешкотии за гласање на дијаспората - се дел од забелешките од мониторингот „Мојот избор 2011“.

Политичката кампања се одвива во силно поларизиран политички амбиент, а недовербата меѓу политичките субјекти остава простор за сомнеж кај дел од гласачите за организирање фер избори. Ова е еден од клучните наоди од мониторингот „Мојот Избор 2011“ во организација на Македонскиот институт за медиуми, Македонскиот центар за меѓународна соработка и „Социетас Цивилис“. Меѓу другото, се
За жал предизборниот период се претвора во војна помеѓу медиумите, политичките партии, невладини организации, агенции за испитување на јавното
мислење итн.
забележува и дека Државната изборна комисија, која работи на јавен и транспарентен начин, е изложена на притисок. Потешкотии се регистрирани во организацијата на гласањето на дијаспората, а се
наведува и дека владеачката партија потрошила десеткратно повеќе во споредба со опозицијата. Политикологот Владимир Мисев вели дека главен предуслов за фер и демократски избори е добра организација:

„За жал предизборниот период се претвора во војна помеѓу медиумите, политичките партии, невладини организации, агенции за испитување на јавното мислење итн, а не како механизам за пренесување на волјата на гласачите за изборот на новата власт.“


Во клучните наоди од мониторингот на медиумите, се забележани меѓупартиски соочувања и конфронтации меѓу самите медиуми. Извршниот директор на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска вели дека станува збор за преседан:

„Значи дел од нив, наместо да известуваат за изборниот процес и фокусот да им биде кон тоа граѓаните да добијат повеќе и што посеопфатни различни информации во врска со изборите со цел да им
Наместо да известуваат за изборниот процес и фокусот да им биде кон тоа граѓаните да добијат повеќе и што посеопфатни различни информации во врска со изборите со цел да им помогнат да го оформат нивниот избор за гласањето.
помогнат да го оформат нивниот избор за гласањето, самите медиуми стануваат активен играч на политичката сцена.“

Повикувајќи се на анкета на Институтот, Петковска посочува дека 60 проценти од запрашаните се изјасниле дека медиумите известуваат необјективно за изборите.

„И ако некој во медумите тоа сериозно го разгледува и внимава за нивната понатамошна работа, има многу сериозен загрижувачки елемент и податок за кој навистина треба да се замислат, со тоа се прави несогледлива штета на демократските процеси вкупно во Македонија.“

Едностраното известување речиси станува практика во медиумското известување во кампањата, се наведува во извештајот од мониторингот.
XS
SM
MD
LG