Достапни линкови

Многу ветувања, малку остварувања?


СДСМ и ВМРО ДПМНЕ како да се натпреваруваат во ветувањата
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ како да се натпреваруваат во ветувањата

Политичките партии во своите изборни програми се надминаа себеси во ветувањата кон гласачите.

Се ветува од игла до локомотива. Народот вели дека во три пригоди се лаже најмногу - кога се лови риба, кога се изнневерува партнерот и за време на избори. Политичките партии во своите изборни програми се надминаа себеси во ветувањата кон гласачите. Во игра се најмногу економски, енергетски и инфраструктурни ветувања, па меѓу нив се наоѓаат и стари ветувања од времето на Анте Марковиќ.
Лажат!

И ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ во својата програма ветуваат изградба на енергетскиот проект „Вардарска долина“, проект кој уште во 1991 година на конкурс за развојни проекти во поранешна Југославија добил признание од владата на Анте Марковиќ како најперспективен развоен проект, но никогаш не е реализиран. Во Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека токму тие направиле сериозен исчекор во реализацијата на овој проект со потпишување на меморандум за соработка со кинеска компанија за вода и електрична енергија и дека со неговата реализација која ќе трае 10-тина години ќе се вработат најмалку три илјади луѓе.
Од избори до избори само ветуваат, а многу малку остваруваат.

Опозицискиот СДСМ, пак, најавува измени на проектот во насока на намалување на висината на браните и поголема економска оправданост на инвестицијата.

Слушајќи го ова, граѓаните велат дека не можат да им веруваат на сопставените уши.

Вардарска долина, сепак, е посложен проект од Градска плажа

„Што е тоа? За тоа прво државата треба да е богата, а за да е богата прво народот треба да работи, а кај нас народот не работи, ништо нема. „Вардарска долина“ од кога е, ако се сеќавате и Југославија кога беше, имаше.“

Но, тоа не е се. Во програмите, по кој знае кој пат, се ветува железничко поврзување со Бугарија. Доизградбата на Коридор 10 и годинава се најде во политичките програми и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, но овој пат се вели дека сите договори со европските финансиски
Не сум сигурен дека тоа што го ветуваат ќе го исполнат
институции се потпишани, па реализацијата само што не почнала.

„Видете, тие ’пусти желби‘ се викаат. Најпрактично е она грдосиите што се од бетон, од железо, позади Крива Паланка, да ја довршат пругата таму треба.“

Едно од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ е и законска регулатива со која ќе им се овозможи на странските бродови да пловат под македонско знаме и со низа мерки да се создаде можност за развој на морнарица и формирање на македонска трговска флота. СДСМ, пак, ветува дека ќе им плаќа гарантен фонд на банките за да можат земјоделците полесно да земат кредит. ВМРО-ДПМНЕ ветува 670 милиони евра субвенции за земјоделците за цел мандат.

„Лажат!“
Видете, тие „пусти желби“ се викаат. Најпрактично е она грдосиите што се од бетон, од железо, позади Крива Паланка, да ја довршат пругата таму треба.

„Од избори до избори само ветуваат, а многу малку остваруваат.“

„Не сум сигурен дека тоа што го ветуваат ќе го исполнат.“

Ако СДСМ победи, ветува дека попови нема повеќе да осветуваат владини проекти. Едно од невообичаените ветувања е дека ако ВМРО-ДПМНЕ победи тие нема да воведат нов данок. А кој ветува дека ќе ви земе повеќе пари ако гласате за него?
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG