Достапни линкови

Владата уверува - Визите не се враќаат


По реакцијата на Европската Комисија, македонската влада ги уверува граѓаните дека визите нема да се вратат и најавува продолжување на засилените контроли.

Визите нема да се вратат и владата гарантира дека визната либерализација нема да биде загрозена, ниту сега ниту во иднина. Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски вели дека по вчерашниот предлог на ЕК станало јасно дека сите желби за укинување на визната либерализација биле дел од предизборната кампања. Владата им порача на сите граѓани спокојно да го планираат годишниот одмор, а оние кои се надеваат на азил ги уверува дека нема да го добијат и нема да поминат неказнето.
Сакаме да ги успокоиме совесните граѓани и да ги унеспокоиме несовесните, со сите мерки кои што ги преземаме и ќе продолжиме да ги преземаме во наредниот период, нема да дозволиме овој историски успех на никој начин да биде загрозен.

„Сакаме да ги успокоиме совесните граѓани и да ги унеспокоиме несовесните, со сите мерки кои што ги преземаме и ќе продолжиме да ги преземаме во наредниот период, нема да дозволиме овој историски успех на никој начин да биде загрозен. Два милиони граѓани нема да бидат жртви на неколку поединци кои што сакаат да профитираат или неколку стотици граѓани со авантуристички дух.“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека владата нема да дозволи да се вратат визите, бидејќи вложила надчовечки напори да ги корегира грешките на претходната и ги исполнила сите потребни услови. Според неа досега биле вратени 500 граѓани при обид да ја преминат границата, биле направени контроли на 63 туристички агенции и 24 друштва за превоз на патници, а најголема казна од 10 илјади евра и била изречена на „Скај вин“.

Владата најави продолжување на контролите и репресивни мерки против лажните азиланти

„Ќе продолжиме со ваквите контроли, ќе продолжиме со репресивните мерки за да им овозможиме на оние над два милиони совесни граѓани да ја користат визната либерализација, затоа што тоа беше еден од врвните приоритети на оваа влада.“

ЕК предложи механизам за суспензија кај држави каде се злоупотребува визната либерализација за кој ќе се разговара на 9 јуни. Наумовски вели дека владата нема да дозволи тоа да се случи.
Ќе продолжиме со ваквите контроли, ќе продолжиме со репресивните мерки за да им овозможиме на оние над два милиони совесни граѓани да ја користат визната либерализација.

„Визите нема да се вратат, владата ќе направи се што е во нејзина надлежност и прави се што е во нејзина надлежност за да ги спречи лажните азиланти и истовремено во тесна соработка и со Европската Комисија и со државните членки на ЕУ каде што постои можност граѓани на Македонија да бараат азил, ние веќе преземаме конкретни активности на соработка, и граѓаните на Република Македонија можат да бидат спокојни.“

Според Јанкулоска, казнувањето е дел од репресивната кампања, а паралелно ќе оди информирање на граѓаните и подобрување на условите за живот, инфраструктурата, нови работни места.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG