Достапни линкови

Ваши коментари


Бројни коментари од слушателите на интернет страната на Радио Слободна Европа кои го искажуваат мислењето за дел од нашите прилози и теми.

Од 1924 година до денес добивме здрави огради, пиле не може да прелета, трули патишта и мостови. Кој и да добие, исто за нас Македонците. Сите партии се за Македонија, а ниедна македонска стварно, пишува во својата порака Јанакиев Никола од Перт во Австралија, како коментар на нашиот текст „Повторување на ветувањата“. Иако, простете, ама не ми е јасно спомнувањето токму на таа година, со него го почнуваме прегледов затоа што, по се изгледа, го одразува мислењето и расположението на вас, граѓаните во врска со предизборните ветувања на сите партии во земјава.

Некој Војвода од Македонија го коментира исто така редакцискиот прилог „ВМРО-ДПМНЕ не дебатира“, со следниве зборови: Ова
Ова ДПМНЕ не го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Кукавици!, пишува
„Војводата“.
ДПМНЕ не го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Кукавици!, пишува на крај Војводата.

На прашањето во нашиот Хајд парк дали треба референдум за промена на името, има уште две пораки кои се сведуваат на тоа дека не треба да има референдум, затоа што тоа чини пари и, како што пишува Ацо: Не, не, и не, името не го менуаме, тоа ни е свето.


Слушател потпишан како Токму така, вели: ако некого сум избрал да решава во мое име, не сум му го дал правото да ме прекрстува. Значи, референдум ДА, промена на име, НЕ! - извикува Токму така.

Владимир Петровски, инаку наш редовен слушател и испраќач на коментари на нашата веб-страница, пишува дека и покрај тоа што за него подобра варијанта бил Стефче Јакимовски, сепак ќе ја поддржел Радмила Шеќеринска и нејзината партија на предвремените избори. Како коментар на нејзиното интервју за Радио Слободна Европа,
„3 Г“ од Ливерпул и' забележува на Шеќеринска што била стриктно против референдум, а сега, како што пишува, „невино ги покривате вашите срамоти со референдум“.
Петровски напомнува дека СДСМ и Шеќеринска ги чекала многу тешка работа, а влијанието на БЦ да се напушти на минимум, пишува Петровски.

Исто така нашиот редовен слушател кој коментарите ги потпишува со 3 Г од Ливерпул и' забележува на Шеќеринска што била стриктно против референдум, а сега, како што пишува, невино ги покривате вашите срамоти со референдум. Освен влез во НАТО и ЕУ и промена на името, вели 3Г, вие во вашите говори не нудите ништо друго.

Инаку во нашата анкета за кого би гласале за премиер на Владата, процентот граѓани што би гласале за Шеќеринска е зголемен на 31%, а оној за Никола Груевски застана на 55,5%.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG