Достапни линкови

Прилепски музеј на тутун


Луле, експонат од прилепскиот музеј на тутунот.
Луле, експонат од прилепскиот музеј на тутунот.

Со околу 4.500 експонати во Музејот на тутун во Прилеп, единствен ваков на Балканот, градот очекува да стане препознатлив како Хавана на Балканот.

Чибукот на царот Романов, лулето на Ана Хабзбург, лулето на куртизаната благородничка Жаклин, лулите и чибуци на Дража Михајловиќ и Тито, реквизити за уживање тутун од светски изложби во Париз и Виена се само дел од 4.500 експонати на прилепскиот Музеј за тутун, единствен од ваков вид на Балканот, чиј што Каталог е издаден неодамна.
Изработени се најчесто од скапоцени материјали. Не е реткост во музејот ни златото, ни среброто, платината, драгите камења, опали, сафири. Но авторите се најбитни од се, тие се работени во големите метрополи во Пула, во Петроград, Париз, во Чешка.


Според авторот, кустос Александар Цветкоски, Каталогот опфаќа период од 2 век пред наша ера па се до денес. Низ бројни илустрации од реквизитите на познати личности од светската историја раскажана е приказната за потеклото на тутунот и тоа од првиот лист на неговото создавање, па се до најсофистицираната состојба на негово уживање.

„Сите експонати си го носат печатот на времето кога се настанати. Изработени се најчесто од скапоцени материјали. Не е реткост во музејот ни златото, ни среброто, платината, драгите камења, опали, сафири, тиркизи... Но авторите се најбитни од се, тие се работени во големите метрополи во Пула, во Петроград, Париз, во Чешка.. Тие луксузни експонати мора да си го носат печатот на мајсторот и времето“, истакнува авторот Цветкоски.


Каталогот, односно музејската поставка, со себе носи многу приказни кои врзани за експонатите.

„Луѓето кои брзо се збогатиле на почетокот на 19 век организирале ловечки парти, сеанси, каде што пушеле од лули кои биле долги и по 4,5 метри за да покажат колку се богати, затоа што лулата колку што е подолга, толку е и поскапа“, раскажува авторот на каталогот.

Тој очекува каталогот и поставката да придонесат за развојот на туризмот во градот.

„Прво ќе го топира Прилеп на оние врвни места. Како што Куба е препознатлива по тутунот, така и Прилеп на некој начин е препознатлив. Имено во Прилеп успева најдобриот ориентален и полуориентален тутун, дури има 2-3 квадратни киометри за кои се смета дека се најдоброто место за тутун во светот. Тоа е во локалитетот Точила.“

Имајќи ја предвид вредноста на поставката која во моментов со силно обезбедување се чува во Институтот за тутун, се размислува да биде пренесена во центарот на градот со цел што повеќе посетители и туристи да уживаат во убавините на овие културни, традиционални вредности.

„За Прилеп, тутунот е социјална култура и ние тоа сакаме да им го претставиме на странците. Им кажуваме како ние дишеме со тој тутун, како чекаме да ги земеме парите од тутунот па со нив да направиме свадба, да купиме намештај, да ги школуваме нашите деца. Како дури и младите ги закажуваат љубовните состаноци откако ќе го нанижат тутунот.“

Според кустосот Цветкоски, прилепскиот Музеј за тутун е втор во светот по Данхиловиот музеј што се наоѓа во Лондон. Уште во време на поранешна Југославија во музејот биле инвестирани околу 12 милиони марки, а инвестирањето продолжува и денес. Министерството за култура постојано одвојува средства за набавка на нови експонати.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG