Достапни линкови

Во пожар целосно изгоре куќа во Прилеп


Видан Димески остана без покрив над главата
Видан Димески остана без покрив над главата

Четириесетгодишниот прилепчанец Видан Димески остана без покрив над главата, откако изгоре целата негова куќа.

Кои се причините за пожарот не знае, но се сомнева дека настанал спој во старата дотраена електрична инсталација. Несреќата се случила само што го ставил клучот на вратата и заминал на работа во чаршијата.

„И се вратив за да земам некои документи, кога се вратив онде подолу, гледам буфта оган, дали буфта, а во 7 часот заминав. Ништо немав пуштено,
Кога се вратив онде подолу, гледам буфта оган, дали буфта, а во 7 часот заминав. Ништо немав пуштено, ни греалица, ни оган запалено, ништо.
ни греалица, ни оган запалено, ништо“, вели Димески, избезумен, соочен со трагедијата.


Први пожарот го забележале соседите. Притрчале на помош, исплашени да не спие во куќата, зашто Димески живее сам.

„Во 8,15 часот беше, гореше собата цела, јас бувнав, реков да не е успан човекот, да не е внатре. Не беше внатре, викнав пожарна, дојде екипата, ама сето изгоре внатре, нема човекот ни каде да живее повеќе. Доколку има оваа локалнава наша милост да му даде нешто, да му помогне, оти нема, кај ќе оди човекот, каде ќе живее. Нема од каде да егзистира, да преживее“, вели неговиот сосед Пеце Деспотоски.

Пожарникарите интервенирале веднаш, но од старата куќа останале само ѕидовите. Димески сега не знае кој крај да го фати. Не знае ни каде ќе ноќева, ниту како ќе го решава проблемот.
Барам помош од добронамерни луѓе и од општината, бидејќи немам ништо за да ми помогнат. Се е изгорено, 99,9% е уништено


„Се, 90 посто е уништено, ќе барам чаре кај пријатели, ваму-таму.“


Димески нема пари за да ги изврши основните поправки на куќата за да може повторно да се врати назад. Ниту, пак, може со скромната работничка плата да го реши проблемот, затоа тој сега бара помош од надлежните институции во државата, од хуманите луѓе.

„Барам помош од добронамерни луѓе и од општината, бидејќи немам ништо за да ми помогнат. Се е изгорено, 99,9% е уништено“, моли за помош Димески.

Целата негова животна печалба, целиот имот за неполн час е пеплосан. Куќата во која веќе нема под, е поплавена со вода, поради гаснењето на пожарот. Изгорен е и покривот, а пеплосан е и најмалиот агол на неговиот доскорешен дом.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG