Достапни линкови

Политичарите виновни за тензиите?


Од неодамнешните немири на скопското Кале
Од неодамнешните немири на скопското Кале

За граѓаните, политичарите се виновни за влошувањето на соживотот. Партиите, пак, виновникот го лоцираат кај политичките опоненти.

Соживотот повторно доведен на црвена линија. Меѓуетничките односи по инцидентот на Кале, повторно се главна тема во медиумите. Меѓуетнички тензии досега повеќепати биле злоупотребени за помали или за поголеми политички цели, па сега се поставува прашањето кој е одговорен за разгорување на страстите. Луѓето велат дека виновни се политичарите.
Па веројатно политичарите го прават ова.


„Па веројатно политичарите го прават ова.“


„Не верувам дека опозицијата е во прашање, туку станува збор, според мое мислење, за контролирана ситуација од страна на власта, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.“

„Позадина на тоа мислам дека е борба за превласт, за да се сруши оваа власт и да се вратат тие, за да предизвикаат немири како што беа во 2001 година.“

Повеќе мислења може да погледнете во нашата рубрика Хајд Парк.
Позадина на тоа мислам дека е борба за превласт, за да се сруши оваа власт и да се вратат тие, за да предизвикаат немири како што беа во 2001 година.


Во СДСМ велат дека инцидентот ја ставил на испит правната држава и за истиот се одговорни исклучиво владините коалициони партнери. Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сериозно ги загрозуваат меѓуетничките односи, кои се од исклучителна важност за евроинтеграциите на Македонија.

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговараат дека СДСМ, преку непромислени изјави, само придонесува во разгорување на непотребна нетрпеливост и насилство, и дека свесно или не, СДСМ ја презема улогата на создавач на тензии, нервоза и влевање на страв меѓу граѓаните.


Претседателот на Центарот за слобода „Цивил“, Џабир Дерала, вели дека за ескалацијата на меѓуетничките односи е виновна Владата.

„Во Македонија владее сериозен проблем кој се однесува на суштината на оваа земја, а тоа е мултикултурна, мултиетничка, мултиконфесионална држава во која ниту една од овие категории не може да се каже дека се застапува туку напротив се гуши.“

Meѓуетничките односи се многу лоши, а граѓаните се незадоволни од политичките партии, покажало последното истражување на Центарот за
Во Македонија владее сериозен проблем кој се однесува на суштината на оваа земја, а тоа е мултикултурна, мултиетничка, мултиконфесионална држава.
меѓуетничка толеранција и бегалци.

„Најголемата вина испитаниците ја ставаат на дневно-политичките настани во Македонија, значи сепак политиката има ’замешано‘ прсти во влошувањето на меѓуетничките односи“, вели претседателот на Центарот Владо Димовски.

Дури 78 проценти од испитаниците одговориле дека меѓуентиничките односи се многу лоши. А исто толку висок е процентот на луѓето кои не се задовлни од работата на политичарите и се плашат од политичките партии.

Вашите коментари на темата „Кој е виновен за меѓуетничките тензии?“, може да ги оставите овде.

Кој е виновен за меѓуетничките тензии?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG