Достапни линкови

Лидерска средба - без договор


Власта не прифаќа „недомократски“ барања.Опозицијата и натаму ќе го бојкотира Парламентот

Опозцијата останува надвор од Собранието, а власта не ги прифаќа, според неа, „недемократските барања“ на опозицијата.

Премиерот Никола Груевски по средбата изјави.

„Јас не можам да прифатам недемократско барање, а тоа е да влијаам на судот за да донесе некакво решение. Одлука на суд во нормална држава може да смени само суд“, рече Груевски по средбата и упати апел опозиција да размисли и да се врати во Собранието и сите прашања да се решаваат по институционален пат.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, пак, рече дека средбата била од една страна добра, но лошо е што не се дојде до никаков договор. Тој истакна дека тие остануваат надвор од законодавниот дом додека не се исполнат нивните барања.

Очекувањата паднаа во вода

Меѓународната заедница се надеваше дека лидерската средба кај претседателот Ѓорге Иванов ќе даде резултат и ќе помогне во враќање на политичкиот дијалог во земјава.

Претседателот Иванов ги покани лидерите на сите парламентарни партии и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на разговори за надминување на ситуацијата, откако речиси целата опозиција го напушти Парламентот. Единствено лидерот на ДПА Мендух Тачи соопшти дека нема
Премиерот е впрочем тој кој што треба да направи отстапка и прв чекор затоа што пред се тој е лидерот на
државата.
да пристуствува на средбата.

Во американската амбасада во Скопје рекоа дека лидерската средба е можност за искрен и конструктивен политички дијалог од сите лидери. Амбасадата соопштува дека внимателно го следи развојот на настаните.

Евроамбасадорот Ерван Фуере

Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера оцени дека закажувањето на лидерската средба е паметен потег од кој очекува позитивни резултати. Тој вели дека ЕУ го поттикнува политичкиот дијалог во земјава, но оти клучната улога ја има премиерот.

„Премиерот е впрочем тој кој што треба да направи отстапка и прв чекор затоа што пред се тој е лидерот на државата.“
Мислам дека сега е крајно време за сите партии да најдат заеднички јазик, да почнат фундаментална дискусија, како да се почитуваат во политичка смисла, како меѓусебно да се почитуваат, како владиното мнозинство да покаже повеќе почит кон малцинските партии и обратно.

Пред неколку дена, токму Фуере ги повика властите да организираат лидерска средба која ќе биде фокусирана на сите отворени прашања во земјата.

Холандската амбасадорка Симоне Филипини, во неделното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека е крајно време партиите да најдат заеднички јазик и да почнат суштинска дискусија.

„Мислам дека сега е крајно време за сите партии да најдат заеднички јазик, да почнат фундаментална дискусија, како да се почитуваат во политичка смисла, како меѓусебно да се почитуваат, како владиното мнозинство да покаже повеќе почит кон малцинските партии и обратно. Значи да се создаде поконструктивна политичка клима подготвена за сите реформи што треба да ги оствари оваа земја на нејзиниот пат кон Европската унија, бидејќи тоа е главниот приоритет на сите засегнати партии.“

СДСМ, но и НСДП и Нова демократија најавија дека ќе постават серија услови што треба да бидат исполнети за да се вратат во Собранието. По исполнувањето на условите, тие бараат и распишување на предвремени парламентарни избори. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по лидерската средба, ќе одржи состанок на Извршниот комитет на партијата за раководството да заземе конечен став во однос на овие барања.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG