Достапни линкови

ДУИ останува во владата


И покрај тактизирањата и предвидувањата, ДУИ досега не ја напушти владината коалиција
И покрај тактизирањата и предвидувањата, ДУИ досега не ја напушти владината коалиција

Различните погледи по прашањето за името и евроатлантската перспектива на земјата, досега не го растури ,,бракот" меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ.

Ставот со кој повеќе пати ДУИ излегуваат во јавноста е дека ќе поддржат предвремени избори откако ќе се реши спорот со името. За нивните ривалски политички субјекти тоа е само јасен доказ дека не планираат да излезат од владата. Евентуалното излегување од коалицијата некои
Тие барања или тој процес повеќе бил активен изминатата година кога мислам дека имавме можност со еден таков процес да дадеме придонес во забрзувањето на процесите во однос на решение за името, сега како последна година на владеење не мислам дека можеме да дадеме некаков особен придонес со излегување од владата
аналитичари го гледаат како потег по објавувањето на извештајот на ЕК за Македонија
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети
и самитот на НАТО во ноември минатата година, но партијата не испорача рок за опстанување во коалицијата. Теута Арифи пратеник на оваа партија вели дека барањата за излегување од колицијата кај дел од членството во партијата биле поактивни изминатата година:

,,Тие барања или тој процес повеќе бил активен изминатата година кога мислам дека имавме можност со еден таков процес да дадеме придонес во забрзувањето на процесите во однос на решение за името, сега како последна година на владеење не мислам дека можеме да дадеме некаков особен придонес со излегување од владата."

изјави Теута Арифи во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела додавајќи дека во принцип дилемите во однос на функционирањето или начинот на кој се градат односите остануваат отворени како ставови и како политички позиции кои се искажуваат во рамки на партијата.
Експертите сметаат дека не може да има подобрување на комуникацијата меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ на оваа тема до некоја разрешница на проблемот, со оглед на нивната суштински спротивна визија врзана со
Останувањето во коалицијата ДУИ го образложува со потребата од решавање на прашањето за името, нема некоја поголема елаборација од нивна страна како тоа тие го гледаат или го разбираат тоа останување и решавање на прашањето
евроатлантските интеграции. Македонскиот партнер е подготвен да ги жртвува за да го задржи името во некоја форма, додека евротланската перспектива на земјава е она на што албанскиот партнер дава предност, изјави Алберт Муслиу:

,,Останувањето во коалицијата ДУИ го образложува со потребата од решавање на прашањето за името, нема некоја поголема елаборација од нивна страна како тоа тие го гледаат или го разбираат тоа останување и решавање на прашањето. Од друга страна кај албанските опозициони партии се инсистира да се смени нешто во владата затоа што таа барем според нивните зборови, нема капацитет тоа прашање да го реши."

Во опозициските партии сметаат дека ако ДУИ и ВМРО ДПМНЕ во првите денови не се договориле како да го решат проблемот, тоа нема да го направат во последните месеци од мандатот:

,,Ние сметаме дека токму предвремените избори ќе бидат оние коишто ќе придонесат за деблокирање на интегративните процеси на земјата."

изјави Флора Кадриу од Нова Демократија. Во ДУИ пак во неколку наврати излегоа со став дека кај македонските партии кои се дел од опозицијата гледаат само критицизам без фактички и вистински предлог како да се излезе од ситуацијата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG