Достапни линкови

Црна Гора: држава и парадржава


Мило Ѓукановиќ
Мило Ѓукановиќ

Оставката на премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ кој 20 години беше на чело на извршната власт во таа земја, меѓу другото, го покрена прашањето и за можните нови истраги против него за обвинувањата дека бил дел од организиран криминал. Според тамошната опозиција, тоа би било логичен потег.

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, на вчерашното соопштување на неговата одлука дека поднесе оставка на функцијата, отфрли дека е можно покренување нови постапки против него со оглед на фактот што веќе нема да биде заштитен со државнички имунитет.

Тој за ваквите наводи ги обвини црногорските медиуми и опозиционите политичари, наведувајќи дека станува збор за сензационализам.

,,Во прашање е, би рекол многу нападен и многу вжештен сензационализам кој поради долгото траење, како што гледаме, мина во говор на омраза. Секое поистоветување со некои видени сценарија во опкружувањето е само последица на непрофесионален однос на луѓето кои работат во тие медиуми и кои патолошки се опседнати со мене.,,

Ѓукановиќ соопшти дека освен што ќе ја води владејачката Демократска партија на социјалистите, ќе го обнови и бизнисот што, како што рече, го замрзнал во текот на
Во Црна Гора всушност постои држава и парадржава. Парадржава се оние кои формално се во државата, но всушност беа впрегнати со центрите на организиран криминал и корупцијата.
претходните две години додека бил премиер.

Неговото повлекување, според Ѓукановиќ, ќе доведе до затоплување на односите на црногорската политичка сцена.

Но, по неговата прес конференција опозцијата најави дека ќе побара распишување нови избори, бидејќи оставката на Ѓукановиќ значи и паѓање на владата.

,,На тие избори сигурно нема да имаме учество на организираниот криминал. Доаѓа акцијата ,,балкански пакет,, во која од политичката сцена заминуваат Санадер, Ѓукановиќ, Тачи. Значи си одат сите оние што немаа многу врска со почитувањето на законите.,,

Вели Андрија Мандиќ од Новата српска демократија.

Аналитичарите во Црна Гора пак, се на став дека и покрај повлекувањето од државните функции, Мило Ѓукановиќ ќе остане влијателен на политичката сцена и оти во Црна Гора не е доволно заминувањето на првиот човек за да се промени целиот систем.

Аналитичарот Благоје Граховац вели дека Ѓукановиќ ја има најголемата одговорност, но оти од идниот владин кабинет треба да бидат отстранети сите што беа вклучени во организираниот криминал.

,,Во Црна Гора всушност постои држава и парадржава. Парадржава се оние кои формално се во државата, но всушност беа впрегнати со центрите на организиран криминал и корупцијата.,,

Според Граховац, најголемата политичка грешка на Ѓукановиќ ќе биде доколку продолжи да владее од сенка.

Ѓукановиќ за втор пат во последниве четири години ја напушта премиерската функција. Тоа претходно го стори во 2006, но се врати по година ипол.

Тој пет пати беше премиер, а еднаш и претседател на Црна Гора.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG