Достапни линкови

Пелагонија стравува од поплави


Поплави
Поплави
Пелагонија стравува од нови поплави. Водостоите на реките и каналите се зголемени по обилните врнежи и покачените температури кои предизвикуваат нагло топење на снегот. Најголема опасност демне од Црна река чие дно не е исчистено со децении, па е повисоко за еден метар заради наталожениот смет. Вакво пашање е дали ќе може да ги прифати надојдените водите од одводните канали кои се влеваат во реката. Во случај на поплави први на мета ќе бидат земјоделските површини, посебно полињата засеани со жито, кои и пролетва беа под вода, па приносите беа преполовени.

„Имаше една акција за чистење на реката Црна од селото Гермијан до Могила. Се чистеше не коритото, туку џбуновите и дрвјата и тие се исчистија, но не е исчистено дното. Тоа е поголем зафат кој ќе се спроведе во следната година или две. Дното не е исчистено 30
Имаше една акција за чистење на реката Црна од селото Гермијан до Могила. Се чистеше не коритото, туку џбуновите и дрвјата и тие се исчистија, но не е исчистено дното. Тоа е поголем зафат кој ќе се спроведе во следната година или две. Дното не е исчистено 30 години и тоа ни е главен проблем.
години и тоа ни е главен проблем. Сите овие канали се вливаат во река Црна, а нејзиното дно е повисоко од одводните канали и имаме повраток на водата“, изјави Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски за време на поплавите во февруари најави дека веднаш ќе се интервенира на терен, а сега вели чистењето на Црна било обврска на друго министерство.

„Чистењето на коритото на реката Црна се одвиваше преку Координативното тело на Министерството за транспорт и врски, јас ги имам информациите дека во добар дел коритото е исчистено. Јас реков дека приоритет ќе ни биде чистењето на реката Црна зашто логично е дека прво тоа треба да се исчисти, па потоа се останато. Што се однесува до Министерството за земјоделство ние ќе се заложиме интервентно да се излезе на терен и да се исчистат сите критични точки на кои предупредуваат земјоделците“, изјави Димовски.

Пред девет месеци обилните врнежи, наглото топење на снегот и неисчистените корита предизвикаа големи поплави во Битолско. Под вода беа над 10 000 хектари обработливи површини, а причинетите штети од неколку милиони евра државата се уште не им ги исплатила на земјоделците.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG