Достапни линкови

Функционери без одговорност


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Поднесувањето оставка не е карактеристика за владините функционери во Македонија. За 20 години плурализам македонското општество памети само една оставка.

Ниско ниво на политичка култура, висок праг на толеранција во општеството и отчетност пред партијата, а не пред граѓаните. Поранешните министри Влади Поповски и Ѓунер Исмаил тука ги наоаѓаат причините што македонските функционери ретко, односно никогаш, не ја преземале одговорноста за пропустите и сами не си поднеле оставка.
Причината е, ниска политичка култура и недостаток на демократска традиција. Во традиционалните демократии мотивацијата за делување во јавен интерес како предоминантен мотив кај лицето што се занимава со политика е евидентен.

Во речиси дводецениската независност на Македонија, единствен министер кој си поднел оставка е Антони Пешев, кој ја напушти функцијата по авионските несреќи во 1994 година. Имало уште неколку примери кога под притисок на јавноста, министрите „срамежливо“ нуделе оставки, но премиерот не ги прифаќал.

Поранешниот министер, универзитетскиот професор Владо Поповски посочува дека во развиените демократи, министри си заминувале од функцијата поради најбанални причини.

Влада

„На пример, министерот за земјоделство поднел оставка поради тоа што еден ден немало млеко или јогурт во некој голем град.“

Поповски вели дека, во развиените демократии, и во случаи кога не постои лична одговорност, министрите си поднесуваат оставка поради пропусти или неправилности во секторот со кој раководат. Тоа ретко се случува во Македонија, вели тој.

„Причината е, ниска политичка култура и недостаток на демократска
Тоа се смета за слабост, политичар кој што демонстрира моралност и интегритет во Македонија и воопшто во транзициските општества не
е на цена.
традиција. Во традиционалните демократии мотивацијата за делување во јавен интерес како предоминантен мотив кај лицето што се занимава со политика е евидентен тој мотив, додека кај нас се уште не е изграден тој мотив дека политиката е всушност само голема одговорност на лице кое што има доверба во јавноста и ја стекнал таа на изборите, да делува исклучиво во јавен интерес.“


Поранешниот министер-портпарол Ѓунер Исмаил вели дека не може да се очекува, во скоро време, политичар да поднесе оставка од морални причини поради тоа што моралот е „избркан“ од македонската политика.

„Тоа се смета за слабост, политичар кој што демонстрира моралност и интегритет во Македонија и воопшто во транзициските општества не е на цена, особено кај оние што одредуваат кој на која столица ќе седне, особено на министерска столица.“

Последен министер што понуди оставка од морални причини е министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој лани понуди оставка по потонувањето на бродот Илинден во Охридското Езеро при што загинаа 15 бугарски туристи. Премиерот, сепак, не му ја прифати оставката.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG