Достапни линкови

ЈП ,,Жабени" во објектот Радио Битола


Битола
Битола

Јавното претпријатие кое стопанисува со иднустриската зона Жабени кај Битола, најверојатно ќе се смести во објектот на Радио Битола.

Ова е најстарото локално радио во државата кое здрачеше повеќе од четири децении, а сега неколку години заглави во процесот на трансформирање од државен во приватен медиум. И покрај молбите на вработените до локалната власт да помогне да се реши статусот на радиото, не беше преземено ништо. Сега општината ги пренаменуваа и канцелариите.

,,Таа зграда е половината на општината, половина на државата. Мислам дека треба да ги искористиме тие простории и не само за тоа. Уверен сум дека во идниот период директорот на јавното претпријатие Жабени, една-две институции ќе го разгледаат тој простор. Онака како што ќе биде најприфатливо за нив така ќе го поделиме тој простор."

изјави градоначалникот Владимир Талески.
Се разботи за претпријатие кое управува со заона која се гради три години, а се уште не е подигната ниту една фабрика. Деновиве на 65-годишна возраст беше разрешен и досегашниот директор Трајан Котевски. Опозицијата побара отчет за сработеното, но не доби.

,,Денес кога тој е разрешен никој не е удостои со точка на дневен ред отчет за три годишното работење на Котевски зашто од државниот буџет се потрошени1,5 милиони евра и не знаеме уште колку општински пари. Редно е да каже каде се потрошени тие пари и што фабрики никнаа во сончогледовите полиња."

побара Горан Милесвки од ЛДП.
Место директорот одговори градоначалникот зоната се електрифицира, на пролет идната година ќе почнат да се градат првите фабрики.

,,До средината на декември ќе ја имаме првата трафостаница, која ќе значи снабдување со електрична енергија на првите 20 хектари од зоната. Тоа значи дека преку неа ќе можат да функционираат првите фабрики."

рече Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG