Достапни линкови

Невреме урна училишен покрив


Монтажната барака во која учат учениците оц Трапчин Дол остана без покрив
Монтажната барака во која учат учениците оц Трапчин Дол остана без покрив

Учениците од подрачното училиште „Санде Штерјоски„ од кичевското село Трапчин Дол не следат настава, зашто силен ветер го однел лимениот покрив од монтажната барака, каде што учат повеќе од една година.

Среќа велат тоа се случило кога бараката била празна, а немало никој ниту во непосредната околина каде што паднал огромниот лимен покрив на кој се заковани штици. При падот искинати се и каблите од електричното напојување.
Исплашени за здравјето на децата, зашто во бараката и пред тоа немало елементарни услови за настава, родителите реагираат и бараат да се реши итно проблемот.
Покривот еве паднал на приватно место тука, после заминување на децата дома, среќа од Господот не ги нашол тука


,,Покривот еве паднал на приватно место тука, после заминување на децата дома, среќа од Господот не ги нашол тука, паднал покривот, од струја електрицитет имаше тука, ова е лом и ние сме збунети тука, во шок е целото село."

Вели Наим Душку, претседател на Одборот на родители во ова подрачно училиште. Жителите се реаволтирани зашто како што велат Министерството за образование не ги исполнува ветувањата, дадени пред една година кога учениците и нивните родители се соочиле уште со една драма. Се урнал покривот на стариот руиниран објект на селската зграда каде 30-ината ученици до 5 одделение следеле настава.
Тогаш им било ветено дека објектот повторно ќе се изгради за месец-два, а изминала цела година.
Бараката е повеќе од една година што е ставена овде, а тие ни ветија дека од 1-ви септември ќе биде школото ново готово и децата ќе почнат да учат, а уште не е почнато досега

,,Бараката е повеќе од една година што е ставена
Жители на селото Трапчин Дол
овде, а тие ни ветија дека од 1-ви септември ќе биде школото ново готово и децата ќе почнат да учат, а уште не е почнато досега. Ние имаме реагирано и писмено и вербално и се, ама никаков одговор, само ќе видиме, ќе биде покасно, нема пари..."

вели Енвер Садику, член на Месната заедница на село Трапчин Дол.Доколку не им се исполни единственото барање за итна изградба на нова училишна зграда, родителите се закануваат дека учениците ќе ја бојкотираат наставата.

,,Тотално сме загрижени, чекаме од министерот да се гради ново школо, инаку ќе бојкотираме додека не се направи школото."

,,Ако се тие родители можат да сфатат, ако не се, нека дадат оставка не можат да бидат на функција."

Директорот на училиштето Љуљзим Мехмети тврди дека го информирал со допис ресорното министерство, но вели дека најверојатно поради недостиг на финансии не може да се изгради нова училишна зграда.
Сепак тој се надева дека проблемот за кусо време ќе се реши, зашто добил ветување од локалната власт во Кичево дека ќе се стави покрив на лимената монтажна барака, каде учениците ќе учат се додека не се изгради нов објект.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG