Достапни линкови

Градот на писменоста Охрид, со најмала библиотека


Библиотека
Библиотека

Градот на писменоста - Охрид, со најмала библиотека во државата, а веројатно и во регионот. Библиотеката сместена во импровизирани услови во Центарот за култура.

Со простор од само 270 метри квадратни, сместена во неколку соби во импровизирани услови во рамките на Центарот за култура, каде книгите се стиснати на мал број полици, дури и низ ходниците, Охридската градска библиотека "Григор Прличев" е веројатно најмалата во државава и регионот. Од 70 до 90 илјади книги од библиотечниот фонд се тука, а по преселувањето на библиотеката од стариот објект на кејот, што се урна пред пет години, повеќе од 50 илјади примероци се дислоцирани во старата зграда на Словенската писменост на
Не само јас туку и сите интелектуалци тука знаат дека ваква библиотека не му доликува на Свети Климентовиот град. Во овој момент има многу поголеми библиотеки во Републиката, на кои не им завидувам, туку им се восхитувам, но се срамам што токму ние имаме ваква библиотека, за што решението е седнување на заедничка маса и добра размисла со добар план за иднината на библиотеката
Охридскиот рид. Библиотеката во градот на писменоста и културата, е многу помала од Свети Климентовата народна библиотека во Скопје која има 12 илјади метри квадратни ,а неспоредлива во однос на Мариборската со нејзините 120 илјади метри квадратни. Раководството, немоќно да работи во вакви услови, чека на решение од министерството за култура, под чија капа работи и Охридската локална самоуправа каде се наоѓа.

,,Не само јас туку и сите интелектуалци тука знаат дека ваква библиотека не му доликува на Свети Климентовиот град. Во овој момент има многу поголеми библиотеки во Републиката, на кои не им завидувам, туку им се восхитувам, но се срамам што токму ние имаме ваква библиотека, за што решението е седнување на заедничка маса и добра размисла со добар план за иднината на библиотеката."

Вели Тоде Илиевски, директор на Охридската градска библиотека, која и покрај се, ја развива меѓународната соработка.

,,Ние сме дел од екипата од седум земји, каде со нас се Словенија, Србија, Словачка, Франција, Германија и
Охрид
Хрватска. Проектот кој ќе трае до 2012 година треба да и донесе афирмација на нашата библиотека и помош од Европската Унија во опрема и одбрана електронска и друга литература."

Вели Илиевски, за заедничкиот проект инициран од библиотеката "Иван Потрч" од Птуј, Словенија, каде има соработка и со Мариборската библиотека на процесот на компјутеризација на книгите за електронско позајмунање во системот Кобис што оди бавно, како и со библиотеки од Балканските земји со средства од Европските фондови. Охридската библиотека која нема пристоен простор за литературни читања и промоции, има само 1.500 членови,процент кој спореден со 40-тината илјади жители на Охрид, би требало да е барем пет пати поголем.

,,Мислам дека Охриѓани се ретки читатели, за што веројатно придонесува и моменталната ситуација. Но, најголемата забелешка се однесува на луѓето кои работат во просветата. Ретко видуваме професор по македонски јазик и литература да наврати кај нас и на тој начин да им даде добар пример на своите ученици."

Вели Иливески, директорот на библиотеката што го носи името на славниот поет Прличев, каде има три негови предмети, во чиј сеф се чува и реткиот скапоцен примерок на уникатниот средновековен ракопис од Свети Прохор Пчинското евангелие од 16-тиот век, кои се причина плус дека објектот како извор на културата и интелектуалноста, го чека заслужениот простор кој и прилега на институцијата и името што го носи.
XS
SM
MD
LG