Достапни линкови

Протести против пописот


Скопје
Скопје

Нова Демократија в недела ќе оддржи протест против спроведувањето попис во април. Партијата ја доведува во прашање и објективноста на пописот.

Недовербата на Нова демократија дека подготовките кои се почнати за пописот не им даваат за право да веруваат дека тој ќе биде до крај објективен, ја донесе најавата за протести во недела. Како проблем ја посочуваат недоволната застапеност на припадници на албанската етничка заедница во Заводот за статистика. Вториот проблем е нивното тврдење дека во април, поради големиот дел од иселениците кој се дел од албанската заедница, нема да бидат релевантни добиените податоци. Најавите за протести во недела како и бојкот што го планира ДПА ги отвори и дилемите за политизација и инволвирање на меѓуетничките теми:
Мислам дека повеќе би влијаело лошо на меѓуетничките односи, донесувањето на еден ваков закон отколку
протестот.


„Мислам дека повеќе би влијаело лошо на меѓуетничките односи, донесувањето на еден ваков закон отколку протестот“, изјави Аријанит Хоџа од Нова демократија.

Текстот е во втора фаза каде има интервенција со амандмани за подобрување на законската основа. Протестите против носењето закон априори без да се има цел дали ќе има добар закон, пратеникот Тахир Хани ги смета за избрзани. Веќе имале состаноци со пратеници на кои им објаснувале дека се во позиција да се донесе добар закон и оти не би требало да се избрзува:

„Постапката за организирање на протести е избрзана и исполитизирана. Ние сме на став да се донесе добар закон за попис на населението.“
Пописот во Македонија ќе се оддржи согласно препораките на ЕУРОСТАТ, односно Европската Унија и ОН и ќе биде ист онаков како што е во Германија, Холандија, Шведска, Италија и на други
места.


Владо Бучковски од СДСМ смета дека проблемот бил во чувството на опозицијата дека е маргинализирана. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да создадат атмосфера на доверба. Се е во рацете на власта дали ќе има политичко чувство да ја врати довербата во процесот, оценува Бучковски:

„Некој како да заборава дека пописот во Македонија не е исто што и пописот во другите соседни земји, затоа што процентот на албанската заедница зависат многу права кои тие ги уживаат согласно нашиот Устав.“

Владата не прифати попсиот да се одржи во јуни откако министерот за правада Михајло Маневски не го прифати амандманот на Нова демократија, а пратениците на Селмани ја напуштија комисијата за политички систем:

„Пописот во Македонија ќе се оддржи согласно препораките на ЕУРОСТАТ, односно Европската Унија и ОН и ќе биде ист онаков како што е во Германија, Холандија, Шведска, Италија и на други места. Дневните политики се дневни политики, но тоа не е добро за државата и за вкупната атмосфера“, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Дилемите кои беа отворени од страна на партијата на Селмани ги разреши претходно директорот на Еуростат Гинтер Еверс. Тој изјави дека прашањето на етничка и религиска припадност се важни и затоа секој мора да има право да се искаже онака како сака а во однос на барањето за поместување на термот наместо во април тоа да биде подоцна изјави дека речиси сите кандидати за влез во ЕУ кои ги прават интервјуата лично, го изведуваат пописот во април. Инаку ЕУ инфоцентарот Еуростат најави свое вклучување и давање стручна помош во спроведувањето на пописот во Македонија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG