Достапни линкови

САД: разочарувачки бавен прогрес


Њујоршката берза
Њујоршката берза

Американската Централна банка најави нови мерки за поттикнување на економијата во земјата. До овој потег дојде ден по големиот пораз на демократите на претседателот Барак Обама на изборите за Конгресот. Сепак, банкарите и економистите се поделени околу мудроста на мерките за кои велат дека биле премногу коцкарски.

Федералните резерви најавија храбар план за откуп на милијарди долари од државните обврзници за забрзување на финансиското заздравување на Соединетите држави.

Станува збор за исплаќање на дополнителни 600 милијарди долари владини акции до средината на идната година со што ќе продолжи паѓањето на каматните стапки на хипотеките и на другите кредити.

Очекуваните ефекти се: поевтини заеми за луѓето и компаниите и поголема потрошувачка, што пак ќе доведе до зголемено производство и до намалување на невработеноста чија сегашна стапка е околу 10 насто.
Зградата на американската централна банка

При објавувањето на овие мерки американската Централна банка оцени дека прогресот бил разочарувачки бавен. Финансиските пазари веќе неколку недели ги предвидуваа мерките на Банката и вчера забележаа позитивно работење.
Доколку новиот американски план профункционира тогаш би можело да се откачи спиралата на жестока инфлација. Во спротивно, односно ако не успее, тогаш тоа ќе доведе до голем пад на кредибилитетот на Централната банка.


За повеќето експерти ова се должи и на порастот на довербата кај инвеститорите по големата победа на републиканците на изборите за Конгресот. Се смета дека тие се попријателски расположени спрема бизнисот.

На вчерашната прес конференција претседателот Барак Обама ја презеде одговорноста за големата невработеност

,,Моја основна одговорност е да се осигура пораст на економија, чувство на безбедност кај средната класа и отворање нови работни места. Мислам дека јас имам директна одговорност за тоа што не е направен напредок колку што ни е потребен.,,

Изјави Обама, најавувајќи дека ќе работи со Конгресот кој сега е поделен: републиканците го контролираат Претставничкиот дом, а демократите Сенатот.

Веднаш потоа следуваше и новиот план на Централната банка кој повеќето експерти го оценија како коцкарски потег.

Имено, доколку планот профункционира тогаш би можело да се откачи спиралата на жестока инфлација. Во спротивно, односно ако не успее, тогаш тоа ќе доведе до голем пад на кредибилитетот на Централната банка.

Затоа, критичарите се на мислење дека и покрај тоа што патот за заздравување е бавен, треба на пазарите да им биде оставено сами да излезат од кризата. Новиот план ќе има и меѓународни репрекусии.

Со тоа што Федералните резерви се детерминирани каматните стапки да ги држат на ниско ниво се очекува да расте и страхувањето за можна војна на валутите. Имено, инвеститорите одеа во поветувачките пазари, например во Бразил и Индија што придонесе нивните валути да ја зголемат вредноста во однос на доларот. Тоа пак им го намали извозот.

Европската централна банка, Банката на Англија и Банката на Јапонија се очекува во текот на неделава да одржат итни состаноци за да ги прилагодат нивните сопствени политики на новиот американски план.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG